Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) во Скопје е јавна високообразовна установа како единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Факултетот врши високообразовна дејност од прв, втор и трет циклус на студии, научноистражувачка, применувачка и високостручна дејност и од научноистражувачкото подрачје општествени науки, во полето кинезиологија како и во сите научни полиња што се во врска со основната дејност на Факултетот.[1] Историја на факултетотФакултетот е основан на 15.7.1977 година, како Факултетот за физичка култура во Скопје. Факултетот е основан со Законот за основање на Факултетот за физичка култура (Сл. весник на СРМ бр. 30/77 од 15.7.1977 година), донесен од Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Со одлука на наставно-научниот совет број 0201-869/21од 18.6.2013 година изврешна е промена на називот на Факултетот за физичка култура - Скопје. Новиот пол назив на Факултетот е: Република Македонија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Факултет за физичко образование спорт и здравје – Скопје“. (Измената е објавена во Универзитетскиот гласник број 278 од 4 февруари 2014 година).[1] Мисија на факултетотЦенејќи ја 40-годишната традиција на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Успешната работа на Факултетот од 40-годишниот период на неговото постоење се темели пред се на извонредните кадровски потенцијали кои успеаја да имплементираат поголем број студиски програми на додипломско, постдипломско и докторско ниво. Во тој контекст главен императив, односно мисија на факултетот претставува:
Студентите се темел за постоењето на секоја високообразовна институција, а во таа смисла и на нашиот Факултет. Како рамноправни членови на Академската заедница, континуирано се трудиме истите да го заземат правото место и значење. Младите колеги, во целост се третираат како вредност во која безрезервно инвестираме труд и знаење. На овој начин сигурни сме дека по нивното дипломирање истите успешно ќе го претставуваат нашиот Факултет во сите сфери на општественото живеење и истите ќе бидат нашите најдобри амбасадори. На крај, би сакалe на сите сегашни и идни студенти да им честитаме за вистинскиот избор на високообразовна институција и им посакуваме успешен академски живот.[2] Студиски програмиФакултетот нуди 2 наставни програми на прв циклус на студии во следните области[3]:
Примери за насоки или области:
Магистерски студииФакултетот нуди 3 наставни програми на втор циклус на студии во следните области[4]:
Докторски студииФакултетот нуди 1 наставнa програмa на трет циклус на студии во следната област[5]:
ОрганиОргани на факултетот се наставно-научен совет, декан и деканатска управа.[6] Наставно-научен совет (ННС)Наставно-научниот совет е орган на управување и стручен орган на факултетот. Наставно-научниот совет го сочинуваат редовните професори, вонредните професори и доцентите кои се во работен однос на факултетот. Во наставно-научниот совет свои претставници избира и факултетското студентско собрание.[6] ДеканДеканот на факултетот, е раководен орган. Деканот го претставува факултетот, во земјата и странство во согласност со статутот на универзитетот и статутот на факултетот. Вршењето на должноста декан и продекан, е неспојливо со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија.[6]
Деканатска управаДеканатската управа, е орган на управување на факултетот и може да има најмалку пет, а најмногу 15 члена. Деканатската управа, ја сочинуваат:[6]
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia