Фалсерберг
![]() Фалсерберг (холандски: Vaalserberg) — рид на југоисточниот крај на Холандија кој претставува највисокото место во земјата. Висок е 322,7 м[1] и се наоѓа во гратчето Валс (по кој го добил името) во покраината Лимбург. Најблизок град е Ахен (Германија), на далечина од околу три километри. Ридот е највисок во европска Холандија, но не и во државата. Највисоко место во целото Кралство Холандија е Маунт Синери (887 м) на карипскиот остров Саба во состав на Холандските Антили. ТромеѓаВо врвот на Валсеберг се среќаваат границите на Германија, Белгија и Холандија и затоа се нарекува „тромеѓа“ (хол. Drielandenpunt; гер. Dreiländereck; фр. Trois Frontières). Во периодот од 1830 до 1919 г. врвот бил четворомеѓа, граничејќи се и со неутралниот кодоминиум Морсенет. Поради тромеѓата, Фалсерберг е познато туристичко место во Холандија. На белгиската страна е изградена кула наречена „Бодуенова кула“ (хол. Boudewijntoren; фр. Tour Baudouin) која служи како видиковец. На германска страна се протега природен резерват. Од германска страна се издига „Вилхелминина кула“ (Wilhelmina-Turm). Велосипедистичка тркаПо Фалсерберг често се одвива друмската велосипедистичка трка „Амстел Голд Рејс“ (анг. Amstel Gold Race), каде тој претставува средина на патеката. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
Галерија |
Portal di Ensiklopedia Dunia