Географија на Холандија![]() Холандија е кралство кое се наоѓа во Западна Европа. ГранициВкупната површина на земјата изнесува 41.545 км2[1], и според тоа се наоѓа на 135-то место по големина во светот. Земјата граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток.[2] Главниот град Амстердам е најголемиот во државата со околу 1.500.000 жители. НаселениеСпоред пописот, вкупното население во Холандија е 18,262,600 жители.[3] Густината на населеноста е 396/km2 жители на квадратен километар. КлимаХоландија е една од најнископоставените земји во светот. Околу поливина од нејзината територија се наоѓа под еден метар надморска висина. На нејзинат територија се наоѓаат четирите делти на нејзините најголеми реки: Рајна, Вал, Меза. Холандија е на трето место на најгусто населените земји во светот. Највисокиот дел на Холандија е ридот Фалсерберг, висок само 322,7 м. Холандија има морска клима со благи зими и умерени лета. Климата е под влијание на Северното Море кое цела година ја регулира. На север температурата е цела година малку пониска од температурата на југ. Крајбрежните, југозападните, западните и северните провинции имаат во есенските и зимските месеци поблага клима отколку источните и североисточните покраини. Во лето се источниот дел од брабант и северниот дел од Лимбург од прилика најтоплите предели. Просечно најстудениот месец во повеќето предели е јануари, а најтоплиот месец е Јули. Во последниве години се зголеми просечната температура во Холандија. Најсончевите делови во Холандија се западниот дел од Зеланд, и северозападниот дел од јужна Холандија. Со исклучок на островот тексел со 1.600-1.700 сончеви часови. Во просек врне 790 мм дожд во годината. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia