Фантомска нишкаФантомска нишка — американска романтична историска драма од 2017 година, напишана и режирана од Пол Томас Андерсон. Во филмот глумат Даниел Деј-Луис, Вики Крипс и Лесли Менвил, а филмот следи шивач на висока мода во Лондон во 1950-тите кој одбира млада келнерка за своја муза.[1] Филмот е првиот филм на Андерсон снимен надвор од САД, а е втора соработка на Андерсон со Деј-Луис по Ќе има крв (2007), како и негова четврта соработка со композиторот Џони Гринвуд. Фантомска нишка бил премиерно прикажан во Њујорк на 11 декември 2017 година, а во кината бил прикажан во САД две недели подоцна.[2] Добил признание за глумата, сценариото, режијата, музичката партитура, костимографијата и продукциските вредности. Националниот одбор за преглед го избрал за еден од најдобрите десет филмови во 2017 година,[3] и нашироко се смета за еден од најдобрите филмови од 2010-тите.[4][5] На 90-тото доделување на Оскарите, филмот бил номиниран во категориите за најдобар филм, најдобар режисер за Андерсон, најдобар актер за Деј-Луис, најдобра споредна женска улога за Менвил и најдобра оригинална музика за Гринвуд; а победил за најдобра костимографија. Исто така, добил четири номинации на 71-тите филмски награди на Британската академија, победувајќи во категоријата за најдобра костимографија,[6] и добил две номинации за Златен глобус.[7] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia