Фемтометар
Фемтометар (симб. фм или fm[1][2][3]) — единица за должина во Меѓународниот систем на мерни единици (SI) еднаква на 10−15 метри. Ова растојание понекогаш се нарекува ферми во чест на италијанско-американскиот физичар Енрико Ферми. Се користи како должинска мерка во јадрената физика. Дефиниција и еквиваленти1000000 зептометри = 1 фемтометар = 1 ферми = 0,000001 нанометри = 10-15 метри 1 000 000 000 000 фемтометри = 1 милиметар. На пример, набојниот полупречник на еден протон изнесува околу 0,841 фемтометри[4] а полупречникот на атомското јадро на златото изнесува приближно 8,45 фемтометри.[5] 1 барн = 100 фм2 ИсторијаФемтометарот е усвоен на XI Генерална конференција за тегови и мерки и додаден во SI во 1964 г. Наречен е по данскиот збор femten со значење „патнаесет“ (бидејќи има величина на петнаесетти степен) и поради сличноста со зборот ферми. Ферми е наречен по италијанскиот физичар Енрико Ферми (1901–1954), еден од основоположниците на јадрената физика. Зборот го вовел Роберт Хофштатер во стручен напис објавен во 1956 г.[6] Денес нашироко се користи од јадрените и честичните физичари. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia