Хофштатер се родил во еврејско семејство[3][4] во Њујорк на 5 февруари 1915. Син на полски имигранти, Луис Хофштатер, трговец, и Хенриета Кенигсберг.[5] Тој одел во основно и средно училиште во Њујорк и се запишал во Њујоршкиот градски колеџ, дипломирајќи во 1935 на дваесет годишна возраст и бил награден со Кенјонова награда за математика и физика. Тој исто така добил стипендија од фондацијата „Чарлс А. Кофин“ од компанијата Џенерал Електрик, која му овозможила да го посетува факултетот во Принстонскиот универзитет, каде тој магистрирал, а набрзо и докторирал на дваесет и три годишна возраст.[6] Тој своите постдокторски студии ги извел во Пенсилванискиот универзитет и бил доцент (професор асистент) во Принстонскиот универзитет пред да се придружи на Стенфордскиот универзитет. Хофштатер предавал во Стенфорд од 1950 до 1985.
Во 1942 се оженил со Ненси Гиван (1920-2007), жител на Балтимор (Мериленд).[7] Заедно имале три деца:
Лаура
Моли - која била инвалид и не била способна да комуницира[8]
Талиумско активиран натриум јодиден детектор на гама-зраци
Во 1948 Хофштатер поднел патент за ова, за детекција на јонизирачко зрачење од овој кристал.[11][12] Овие детектори се широко користени за детекција на гама-зраци до ден денес.
Измислување на ферми (единица) и нобелово предавање во 1961
Роберт Хофштатер го измислил терминот ферми (единица), симбол fm,
[13]
во чест на италијанскиотфизичарЕнрико Ферми (1901–1954), еден од основачите на јадрената физика, во документ од 1956, објавен во весникот „Ревизија на современата физика“, со наслов „Електронска дифракција и јадрена структура“.[14] Терминот е широко употребуван од јадрени и честични физичари. Кога Хофштатер бил награден со Нобеловата награда за физика во 1961, дополнително се појавува текстот на неговото нобелово предавање од 1961, „Електронско-расејувачкиот метод и неговата примена во структурата на јадрата и нуклеоните“ (декември 11, 1961).[15]
Комптонската опсерваторија за гама-зраци и телескопот EGRET
Во неговите неколку последни години, Хофштатер се заинтересирал за астрофизиката и го применил своето познавање на сцинтилатори во дизајнирање на телескопот за гама-зраци (EGRET) на Комптонската опсерваторија за гама-зраци именувана по соработникот нобеловец по физика (1927), Артур Комптон. Одделот за физика на Стенфордскиот универзитет го истакнува Хофштатер како „принципиелен научник кој ја развил комптонската опсерваторија“.[16]
↑ 1,01,1R. W. McAllister & Robert Hofstadter, "Elastic Scattering of 188 MeV Electrons from Proton and the Alpha Particle," Physical Review, V102, p. 851 (1956).