Феникиска азбука
Феникиска азбука, феникиско писмо или пракананско писмо — систем на пишување на феникискиот јазик. Азбуката или писмото е согласно писмо (абџад), за што карактеристично е пишувањето само на согласките. Писмото е најстарата азбука која е документирана и е постара од 1050 година п.н.е. Писмото, како абџад,[3] има 22 букви што претставуваат 22 согласки. Првично јазикот не користел никакви букви или симболи за забележување на самогласките, но во подоцнежниот стадиум се развиле знаците за обележување на одредени самогласки, денес познати како „матрес лекционис“. Феникиската азбука потекнува од египетските хиероглифи.[4] Бидејќи феникиската цивилизација забрзано се развивала и се распространила низ целото крајбрежје на Средноземното Море, писмото станало едно од најупотребуваните. Писмото било примано и асимилирано од голем број народи. На локално ниво, во регионот на Блискиот Исток, од феникиската азбука се развило палеохебрејското писмо.[5] Дополнително на тоа, од феникиското писмо се развило арамејското писмо, а како резултат на тоа и арапското и хебрејското. Подоцна, врз основа на феникиското писмо се создало старогрчкото и етрурското, а од нив произлегле кирилското и латинското. Првичниот дизајн на буквите е аголен и прав, но подоцна како што се развивал јазикот, така и писмото добивало позаоблена или ракописна форма. Писмото се пишувало од десно кон лево. Современо пронаоѓањеФеникиската азбука била за првпат откриена во 17 век, но до 19 век нејзиното потекло не било познато. Првично се верувало дека писмото е директна варијација на египетските хиероглифи.[6] Оваа идеја била особено популарна поради скорешното дешифрирање на хиероглифите. Сепак, научните не можеле да пронајдат директни врски помеѓу двата система, ниту пак со клинестото писмо. Теориите се движеле од тоа дека било направено од еден човек, па сè до теориите дека тоа всушност е упростена и погрешна верзија на хиероглифите.[7] РазвојПодолу прикажаните феникиски букви се стандардизирани дигитални форми, оригинално тие било погруби и понеправилни. Исто така имало значителни варијации помеѓу формите во зависност од местото и времето. Покрај тоа што табелата ги прикажува феникиските букви, истата ги дава буквите од другите писма кои произлегле од феникиските.
УникодФеникиската азбука била додадена во уникод во јули 2006 година со издавањето на верзијата 5.0. Во уникод табелите, феникиските букви се од U+10900 до U+1091F.
Наводи
Литература
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia