Фести Ебоселе
Фести Ебоселе (роден на 2 август 2002 година, во Енискорти) — ирски фудбалер, играч од одбраната на Удинезе и на ирската репрезентација под 21 година. БиографијаРоден е во Енискорти, грофовијата Вексфорд, од семејство со нигериско потекло. Технички каратеристикиНеговата примарна позиција е десен бек, но тој може да игра и како десно крило во средниот ред или како лев бек.[1] Опремен со добра техника и одличен дриблинг, умешен е во офанзивната фаза, благодарение пред се на неговата издржливост и атлетицизам.[2] Клупска кариераДарби КаунтиИзраснал во младинските сектори на Мојн Ренџерс и Бреј Вондерерс, тој бил купен во 2018 година од англискиот клуб Дарби Каунти, кој првично го додал во својот младински тим. Своето деби за првиот тим го имал на 9 јануари 2021 година, во поразот со 2-0 на гостувањето кај нисколигашот Чорли во рамките на третата рунда од ФА Купот, натпревар во кој тој и уште тринаесет момчиња од младинскиот сектор дебитирале поради избувнување на заразени со Ковид-19 што го принудило првиот тим на Дарби да оди во изолација.[3] Својот прв првенствен натпревар го одиграл на 10 април 2021 година, влегувајќи како замена во поразот со 1–0 од Норич Сити во Чемпионшип.[4] На 6 ноември истата година, Ебоселе го постигнал првиот сениорски гол во ремито 1–1 против Милвол.[5] Во март 2022 година, по финансиските проблеми на тимот, тој објавил дека не сака да го продолжи договорот.[6] Вкупно за овните настапил во 41 натпревар и постигнал 2 гола. УдинезеНа 21 март 2022 година, тој објавил дека се согласил на договор со италијанскиот клуб Удинезе во времетраење од 5 години.[7] Откако во текот на летото му се приклучил на клубот, Ебоселе го направил своето деби како за Удинезе така и во италијанската Серија А, на 13 август 2022 во поразот со 4-2 на гостувањето кај Милан. Со тоа, тој станал првиот ирски играч кој настапил на еден натпревар од Серија А по пауза од 22 години и Роби Кин.[8] Репрезентативна кариераТој ја претставувал Ирска во селекциите под 16, 17 и 21 година. На 25 мај 2022 година, тој бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација, за натпреварите од Лигата на нации против Ерменија, Украина и Шкотска.[9] Статистика на кариератаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 13 август 2022.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia