Санди Ловриќ
Санди Ловриќ (роден на 28 март 1998 година, во Лиенц) — словенечки фудбалер, роден во Австрија, играч од средниот ред на Удинезе и на словенечката репрезентација.[1] БиографијаРоден е од родители со хрватско потекло: неговиот татко е по потекло од Славонски Брод, додека неговата мајка е хрватка од Босна и Херцеговина од Модрича.[2] Тие првично се преселиле во Пиран, Словенија како печалбари, а потоа се преселиле во Австрија, каде што е роден Ловриќ.[2] Ловриќ течно зборува германски, хрватски, словенечки и италијански јазик.[2][3] Како млад, Ловриќ често летувал и престојувал во Словенија и како главна причина за претставување на словенечката репрезентација ја навел поврзаноста со земјата.[2] Технички карактеристикиЦентрален играч за врска со одлична визија за играта и вешти додавања, има добар шут од далечина и е добар и во фазата на одбрана; може да игра пред одбраната, а како играч од средниот ред се издвојува по техничките квалитети и предиспозициите да ги завршува акциите.[4] Поради неговите карактеристики, тој бил споредуван со играчи како што се Клаудио Маркизио и Раџа Наинголан, иако изјавил дека бил инспириран од неговиот идол Лука Модриќ.[3][5] Клупска кариера![]() Израснат во младинските категории на Штурм Грац, тој дебитирал за првиот тим на оваа австријска екипа во првенствениот натпревар против Австрија Виена (1-1) на 17 август 2014 година.[6] На 9 мај 2018 година, тој го освоил својот прв трофеј во кариерата, откако со Штурм триумфирал во Купот Австрија совладувајќи го Ред Бул Салцбург со 1–0 во финалето.[7] Во Штурм поминал пет години, од кои дури во последните две добил повеќе простор за игра, забележувајќи вкупно за клубот 79 настапи и еден гол. На 3 јули 2019 година, тој бил купен од швајцарскиот клуб Лугано.[8] Првично резерва, почнувајќи од јануари 2020 година тој станал стартер во клубот, а во неколку наврати се покажал и како протагонист со голови и асистенции.[9][10] Дресот на Лугано го носел три сезони, забележувајќи вкупно 108 натпревари и 12 голови. На 28 март 2022 година, тој потпишал петгодишен договор со Удинезе, со важност од 1 јули истата година.[4] Своето деби со фриулијанците го имал на 5 август во успехот со 2-1 над Фералписало во осминафиналето на Купот на Италија, додека осум дена подоцна дебитирал и во Серија А, заменувајќи го Валас во поразот со 4-2 на гостувањето кај Милан. На 4 септември, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, затресувајќи ја мрежата на Рома во убедливата победа со 4-0.[11] Репрезентативна кариераОткако во периодот 2013-2019 ги претставувал речиси сите младински австриските селекции (од под 16 до под 21 година), во септември 2020 година, по разговорот со селекторот Матјаж Кек,[3] тој се одлучил на сениорско ниво да игра за Словенија.[9][10] На 7 октомври истата година, тој го направи своето деби за најдобрата словенечка селекција во успехот со 4-0 против Сан Марино во пријателски натпревар.[12] Седум дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во победата со 4-0 против Молдавија во Лигата на нациите.[13] На 24 март 2021 година, за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022, тој го постигнал единствениот гол во победата со 1-0 над Хрватска, со што словенците за прв пат во нивната историја успеале да ги победат хрватите.[3][14] На 4 септември истата година, тој го постигнал победничкиот гол во натпреварот против Малта, кој завршил 1-0.[15] Во квалификациите за Европското првенство 2024, Ловриќ одиграл 7 натпревари и постигнал еден гол, во победата со 4-0 на гости над Сан Марино. Во јуни 2024, тој бил повикан да ја претставува Словенија на завршниот турнир. Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 26 март 2024.
ТитулиКлупскиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia