Филибер Делорм
Филибер Делорм (француски: Philibert de l'Orme; ~1510, Лион - 8 јануари 1570, Париз) — француски архитект, кој се смета за еден од најголемите мајстори на француската ренсанса. Уште како млад заминал во Италија, каде му служел на папата, а потоа се стекнал со наклоност и на францускиот престол. Целата своја кариера ја поминал во кралска служба и најголем дел од неговите дела биле по налог на кралот. Главно бил задолжен за изградба на дворци, меѓу кои особено се прославил со изградбата на дворецот Ане. Од особено значење се и Тилери и Шенонсо. Значаен примерок од неговата кариера е и гробницата на кралот Франсоа I. Автор е и на две книги за архитектурата, преку кои ги опишал архитектонските елементи и техниките на каменорез и употребата на сводови. ЖивотописДелорм се родил во Лион како син на архитектот и каменорезец Жан Делорм. Израснал во родниот град, а во 1533 година заминал во Италија, каде му служел на папата Павле III сè до 1536. Откако се вратил во Франција, негов покровител станал кардиналот Жан де Беле, кој во 1540 година го испратил во Париз доверувајќи му ја изградбата на замокот Сен Мор. Набргу привлекол кралска наклоност, па така во 1544 година станал архитект на кралот Франсоа I и станал надзорник на изградбата на тврдини во Бретања, задача која ја барала четиригодини работа.[1] Две години подоцна, кралот починал, а Делорм ја изградил неговата гробница во Базиликата Сен Дени. Службата на кралскиот двор ја продолжил и во времето на кралот Анри II, кој во 1547 година му ја доверил изградбата на дворецот Ане, завршен во 1552 година. Во 1548 година бил назначен и за надзорник на изградбата на дворецот Фонтенбло, дворецот Сен Жермен во Сен Жермен ан Ле, како и на изградбата на други градби за потребите на кралот. По смртта на кралот Анри во 1559 година, паднал во немилост на новиот крал Франсоа II, но по неговата смрт следната година, повторно успеал да ја врати наклонетоста на престолонаследникот Шарл IX. Така, во негово време, а под водство на неговата мајка, Катерина Медичи, во 1564 му била доверена изградбата на дворецот Тилери, на која соработувал со Жан Булан. Остатокот од животот го поминал во Париз, каде што починал во 1570 година. Дела![]() Најголем дел од делата на Делорм исчезнале, но сепак неговтаа слава останала. Тој бил полетен хуманист и изучувач на антиката, кој одлучно стоел во одбрана на француската традиција наспроти италијанските склоности. Поседувал независни мисли и жестока оригиналност. ![]() За негово најголемо ремек-дело се смета дворецот Ане, кој се наоѓа на околу 70 km западно од Париз, а бил наменет за љубовницата на кралот Анри II, Дијана од Поатје. Плановите за градбата се сочувани во делото „Најубавите градби во Франција“ (француски: Plus excellens bastimens de France) од Жак Андруа де Серко. Од особено значење е и дворецот Тилери, за кого плановите исто така ги сочувал Андруа ду Серко. Меѓудругото, изградил и бројни други дворци, меѓу кои и дворецот Шенонсо, а значаен примерок на неговата применета уметност е гробницата на кралот Франсоа I. Делорм е автор и на две книги за архитектурата. Првата била издадена во 1561 година, со наслов „Nouvelles inventions pour bien bastir et à petits frais“, и е дел од расправа која се однесувала на архитектонските елементи.[2] Неговата втора книга, со наслов „Le premier tome de l'Architecture“, се однесувала на новиот италијански архитектонски стил и била издадена во 1567 година. Во неа исто така се обработени и техниките на камнорез и особено теоријата на стеротомија.[3] ПаметнициВо чест на Филибер Делорм, во 1813 година, Жак Едуар Гато изработил медал со неговиот лик. Примерок од овој медал е зачуван во музејот Карнавале, со индекс ND 0316. Познати дела и проекти![]()
ПоврзаноБелешки
Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia