Фирстенвалде
Фирстенвалде или службено Фирстенвалде/Шпре (германски: Fürstenwalde, полски: Przybór[2]; до 2000 Фирстенвалде (Шпре)) — град во округот Одра-Шпре, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Шпре, 55 километри источно од Берлин. ИсторијаФирстенвалде бил првпат забележан во 1272. Во 1373, бискупот Венцеслав го преместил официјалното седиште на Бискупијата Лебус од Гериц на Одра во Фирстенвалде и неговата Мариенкирхе (Marienkirche) била подигната на ниво на катедрала. Последниот католички бискуп бил Георг фон Блументак (1490-1550), кој бил под опсада во неговиот дворец од реформистите предводени од Никел фон Минквиц. Бискупот побегнал замаскиран низ прозорец. Бискупијата била секуларизирана во текот на реформацијата во 1555 и целосно распуштена во 1598 од маркгрофот на Бранденбург, Јоаким Фридрих. Меѓународни односиФирстенвалде е збратимен со: Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia