Флора на Македонија![]() ![]() Флората на Македонија - го претставува сиот растителен свет, односно сета растителност на територијата на Македонија. Претставена е со околу 210 семејства, 920 родови и околу 3.700 видови. Најзастапена група се скриеносемениците, со околу 3.200 видови, проследени од мововите (350 видови) и папратите (42). Фитогеографски, Македонија ѝ припаѓа на илирската покраина на Циркумбореалниот регион во рамките на Бореалното царство. Според Светскиот фонд за природа (WWF) и Дигиталната карта на европски еколошки региони на Европската агенција за животна средина, територјата на Република Македонија може да се подели на 4 екорегиони: пиндски мешани шуми, балкански мешани шуми, родопски мешани шуми и егејски тврдолисни[1] и мешани шуми. Бројчена застапеност на растителните семејства, родови и видовиСите родови и видови на растенија што виреат во Македонија се претставени во делото „Флора на Република Македонија“ од академикот Кирил Мицевски,[2] еден од најважните ботаничари во Македонија.
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia