Фоде Бало-Туре
Фоде Бало-Туре (роден на 3 јануари 1997 во Конфлан Сент Онорен, Франција) — француско-сенегалски професионален фудбалер кој настапува за ФК Фулам, во англиската Премиер лига, како позајмен играч од Милан, на позиција лев бек и за Фудбалската репрезентација на Сенегал. Клубска кариераЛилБало-Туре се развил преку академијата на ПСЖ. На 1 јули 2017 година, неговиот договор со ПСЖ истекол и тој потпишал со ФК Лил[2]. Тој го имал своето деби во Лига 1 на 6 август 2017 година во победата од 3:0 против ФК Нант. Тој го започнал натпреварот и бил заменет на полувремето[3]. МонакоНа 10 јануари 2019 година, Бало-Туре потпишал за Монако[4]. МиланНа 18 јули 2021 година, Бало-Туре потпишал договор со Милан до јуни 2025 година[5]. Репрезентативна кариераИако е роден во Франција и играл за младинските репрезентации на оваа земја,[6] поради сенегалското потекло Бало-Туре се одлучил да го претставува Сенегал на сениорско ниво. Дебитирал за Сенегал во ремито 0-0 против Конго на 26 март 2021 година.[7]. СтатистикаКлупска
ТитулиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia