Фудбалска репрезентација на Сенегал
Фудбалската репрезентација на Сенегал, позната и под прекарот "Лавовите на Теранга", го претставува Сенегал на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Сенегал. Репрезентацијата го имала својот прв настап на Светските првенства на изданието во 2002 година и таму направила огромно изненадување победувајќи го бранителот на титулата, светскиот и европски првак, Франција со 1-0 во воведниот натпревар на турнирот. Последователно, Сенегал стигнал до четвртфиналето на тој турнир, станувајќи само втората земја од Африка (после Камерун во 1990) која стигнала до оваа фаза на натпреварување која досега не ја има минато ниту една африканска репрезентација. После 16 години чекање, репрезентацијата повторно се квалификувала на Светско првенство, правејќи го тоа на Мундијалот 2018 во Русија, каде настапот го завршиле уште во првата фаза. Првиот настап на Африканскиот куп на нации, Сенегал го имал во 1965 година, кога како второпласирани во групата, загубиле со 1-0 од Брегот на Слоновата Коска во натпреварот за третото место. На Африканскиот куп на нации 1990, Сенегал уште еднаш завршил на четвртото место, а на првенството во 2002, тие за првпат се пласирале во финалето, во кое загубиле на пенали од Камерун. Откако загубиле уште едно финале, овојпат од Алжир во Африканскиот куп на нации 2019, Сенегал ја освоил својата прва титула на Африканскиот куп на нации, на изданието во 2021 година на кое во финалето го совладале Египет по изведување на пенали. ИсторијаРепрезентацијата на Сенегал својот прв натпревар го одиграла 1959 година против Британска Гамбија (денешна Гамбија), и победила со 2-1. Фудбалската федерација на Сенегал е основана 1960 година, а членка на КАФ станала 1963 година, а година дена подоцна се приклучува во членството на ФИФА. Првиот настап на завршниот турнир на Африканскиот куп на нации, репрезентацијата на Сенегал го забележала во 1965 година. Таму во групата играла против Тунис и Етиопија; во првиот натпревар против Тунис одиграле нерешено 0-0, за во второто коло убедливо да ја совладаат Етиопија со високи 5-1. Сепак, тоа било доволно само за второто место во групата, зад Тунис, што ги одвело на мегдан на Брегот на Слоновата Коска во натпревар за третото место, кој го загубиле со 0-1. За првпат во својата историја Сенегал се квалификувал на едно Светско првенство, за првенството во 2002 година кое се одржало во Јапонија и Јужна Кореја. Во квалификациите за Светското првенство, Сенегал играл против Бенин во првата рунда, и победил со вкупен резултат 2-1. Во групната фаза од квалификациите играле против Мароко, Египет, Алжир и Намибија. Првото место во групата било освоено со 15 бодови, колку што имал и второпласираниот Мароко, но пресудни за конечниот изглед на табелата биле меѓусебните дуели, во кои по ремито без голови во Рабат, Сенегал бил подобар од Мароко на домашен терен со 1-0 со голот на Ел Хаџи Диуф. На Светското првенство 2002, Сенегал играл во групата А, заедно со репрезентациите на Франција, Данска и Уругвај. После победата на отворањето над актуелниот шампион и бранител на титулата од претходното првенство, Франција, со која го шокирале целиот свет, Сенегал потоа ремизирал со Данска и Уругвај. Така, со 5 освоени бода, Лавовите на Теранга се пласирале во осминафиналето како втори во групата зад Данска. На 16 јуни 2002, Сенегал го одиграл својот осминафинален натпревар против Шведска; натпреварот бил решен во продолженијата кога напаѓачот на Сенегал, Анри Камара постигнал гол со кој и овозможил на својата репрезентација пласман во четвртфиналето. На 22 јуни 2002, сенегалците го завршиле учеството на Мундијалот после минималниот пораз со 1-0 од Турција. Настапи на турниритеНастапи на Светските првенства
Настапи на Африкански куп на нации
ИграчиМоментален составСтатистика на играчите Активни репрезентативци
Играчи со најмногу настапиПоследна промена 18 февруари 2022.
Играчи со најмногу постигнати головиПоследна промена 18 февруари 2022.
СелекториСелектори низ историјата![]()
![]() Моментален тренерски штаб
ТитулиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia