Фотоотпорник
Фотоотпорник, светлоотпорник или фоторезистор — полуспроводнички елемент чиј електричен отпор се менува под влијание на светлината која паѓа врз неговата површина.[1] Заради оваа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор). Фотоотпорникот е направен од полуспроводен материјал. Ако фотоните на светлината кои паѓаат на него се со доволна висока честота (доволна енергија), ќе им даде на врзаните електрони доволно енергија да станат слободни електрони во полуспроводникот. Со тоа се намалува отпорот на фотоотпроникот под влијание на светлината. Примена![]() Постојат разни видови на фотоотпорници. Се користат како детектори на светлина во фотоапаратите, уличното осветлување, сигурносните ноќни аларми и др. Посебни видови се користат за детекција во инфрацрвениот спектар. МатеријалКадмиум-сулфидот (CdS) е најчест материјал за изработка на фотоотпорници. Олово-сулфидот (PbS) и индиум-антимонидот се користат во средниот инфрацрвен спектар. Германиум-бакарните детектори се користат во подалечниот инфрацрвен спектар, во инфрацрвената астрономија и спектроскопијата. СимболСимболот на фотоотпорникот е прикажан на сликата. ![]() Предности и маниПредности на фотоотпорникот се ниската цена и доверливоста, а мана му е спората реакција. Обично се потребни неколку секунди за полна промена на отпорот при брза промена на осветлувањето. Заради ова, за примени кои зависат од брзината на реакцијата на елементот се користат фототранзистор и и фотодиоди. НаводиПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia