Фототранзистор![]() Фототранзистор – транзистор чија колекторска струја се менува под влијание на светлината која паѓа на него.[1] Заради таа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор) и засилувач. Битна особина на фототранзисторот е дека тој, за разлика од фотодиодата, освен детекција врши улога и на засилувач. Фототранзисторот се изработува од полуспроводнички материјал како и обичниот биполарен транзистор. Базата на фототранзисторот е отворена за влез на светлината. Ако фотоните од светлината кои паѓаат се со доволно висока честота (доволна енергија) ќе створат струја на базата, која засилена станува значителна струја на колекторот. Со оглед дека базата е всушност детектор, фототранзисторите најчесто немаат посебен базен извод туку имаат само колектор и емитер. ПрименаЗаради брзата реакција на нивото на светлина, фототранзисторите се користат за поголемиот број на примени во оптоелектрониката. Постојат многу видови кои се осетливи на инфрацрвениот дел од спектарот. Пример за нивна употреба се оптичките изолациони парови (оптокаплери), сетилници на позиции (енкодери), бројачаи на производи на фабричка лента и др. МатеријалКако и за обичниот биполарен транзистор, и за фототранзисторот како материјал за изработка се користи силициумот (Si). СимболСимболот на фототранзисторот е прикажан на сликата. ![]() Предности и маниПредности се ниската цена и брзата работа (во однос на фотоотпорникот). Маана е нешто побавното време на реакција од фотодиодата. НаводиПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia