Фојник (Албанија)
Фојник (албански: Finiq, грчки: Φοινίκη, Финики) — село и општина во јужна Албанија, 8 км од брегот на Јонското Море и 20 км северно од границата со Грција. Административно претставува дел од Валонската област, а се наоѓа во историската област Северен Епир. Општината е создадена во 2015 г. со реформа на месната управа, спојувајќи ги дотогашните општини Алико, Дебар, Фојник, Ливаѓе и Месопотам, кои сега се општински единици. Административен центар е селото Дермиш.[1] Во 2011 г. општината имала 11.862 жители и зафаќала 441 км2.[2] Општинската единица Фојник (поранешната општина) по истите податоци има 1.333 жители.[3] Мајчин јазик на жителите е грчкиот[4]. Општинската единица Фојник се состои од селата Фојник, Буроња, Члирим, Вриони, Караџа, Брегас (Вромеро) и Сајани (Блеримас).[5] На подрачјето на општината се наоѓа античкиот град Фојника — центар на епирското племе Хаонци. ПоврзаноНаводи
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia