Франческо Гаваци (италијански: Francesco Gavazzi; р. 1 август 1984) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа ГВ Шимано-Сидермек.[1]
Кариера
Во 2012 година, Гаваци учествувал на Трката околу Пекинг и ја освоил кралската етапа до Кинескиот Ѕид. Како дополнување на тешкотиите на етапата, квалитетот на воздухот бил сметан како „тешко загаден“ од локалните власти.[2] Гаваци го спречил нападот на возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген и ја освоил етапата.[3] Неговите постојани пласмани на другите етапи го сместиле на второто место во генералниот пласман зад Тони Мартин (Омега Парма-Квик Степ).[4] Меѓутоа, победата во Пекинг била единствената победа на Гаваци во текот на трите години во Астана[5] и во ноември 2014 година било објавено дека потпишал едногодишен договор со Вини Забу за сезоната 2015.[6]
Достигнувања
- 2005
- 6. Трофео Банка Пополаре Пива
- 2006
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 1. Џиро дела Тоскана
- 1. Етапа 4 Џиро д’Италија под 26 години
- 1. Трофео Униделта
- 1. Трофео Спортиви ди Брига
- 1. Џиро дел Канавезе - Трофео Спортиви Валпергезе
- 2. ГП Фолињано - Трофео АВИС
- 3. Европско друмско првенство под 23 години
- 4. Светско друмско првенство под 23 години
- 5. ГП Палио дел Речото
- 5. Трофео Алчиде де Гаспери
- 6. Копа дела Паче
- 7. Трофео Банка Пополаре ди Виченца
- 8. Гран Премио Инда - Трофео Арас Фратини
- 2007
- 3. Јапонски куп
- 2008
- 5. Јапонски куп
- 5. Трка околу Полска
- 7. ГП Нобили Рубинетери
- 8. Меморијал Пантани
- 9. Меморијал Чимури
- 2009
- 4. Национално друмско првенство
- 5. Џиро ди Тоскана
- 10. Трка околу Полска
- 10. Енеко Тур
- 2010
- 1. Етапа 3 Трка околу Баскија
- 1. Копа Уго Агостони
- 2011
- 1. Етапа 18 Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 5 Трка околу Баскија
- Волта а Португал
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 10
- 2012
- 2. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 1. Етапа 3
- 5. Трофео Лаиквелја
- 5. Друивенкурс - Оверејсе
- 7. Краен пласман Средоземна трка
- 2013
- 6. Краен пласман Трка околу Белгија
- 2014
- 3. Трофео Сера де Трамунтана
- 5. Трофео Муро-Порт д’Алсудија
- 8. ГП Кантон Аргау
- 10. Гран Премио Чита ди Камаиоре
- 2015
- 2. Трофео Лаиквелја
- 2. Гран Премио ди Лугано
- 4. Краен пласман Трка околу Хајнан
- 10. Класик Волта Лимбург
- 2016
- 1. Етапа 2 Волта а Португал
- 1. Меморијал Марко Пантани
- 2. Гран Премио дела Коста Етруски
- 3. Тре Вали Варезине
- 3. Копа Уго Агостони
- 5. Трофео Лаиквелја
- 5. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
- 7. Краен пласман Тур ди О Вар
- 8. Краен пласман Тур ди Лимузен
- 8. Копа Сабатини
- 10. ГП Бруно Бегели
- 2017
- 3. Краен пласман Тур ди Лимузен
- 3. Гран Премио дела Коста Етруски
- 3. Класик Сид Ардеш
- 6. Трофео Лаиквелја
- 7. Краен пласман Трка околу Турција
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски