Франшиза
Франшизата претставува популарен начин да се отпочне бизнис, бидејќи нуди поголема сигурност во работењето. Кога ќе се купи франшиза, се станува дел од голема организација со сите предности што одат со неа. Рекламирањето на поширок регион со реклами подготвени од централата е само дел од предностите. Купувачот на франшизата плаќа договорена сума, а за возврат добива право да:
Успехот на франшизата повикува на континуиран однос помеѓу продавачот и купувачот на истата. Купувачот на франшизата се согласува да одржи определени стандарди на операциите специфицирани од продавачот, а продавачот за тоа добива процент од продажбата на производот-услугата и обезбедува проширување на својот бизнис како на локално така и на глобално ниво. Историјат на франшизатаЗборот франшза потекнува од стариот францускиот јазик и значи привилегија или слобода. Во Средниот век франшизата била привилегија или право. Во тие денови локалните владетели или господари издавале дозволи за стопанисување со пазарите и панаѓурите, раководење со локалниот превоз или за лов на нивната земја. Овој концепт се проширил на доделување франшиза за секаков вид на комерцијални активности како градење на патишта, варење на пиво и др. Co тек на време франшизинг концептот се развивал исто како што се развивала и економијата во светот. Во 1840 год. во Германија одредени производители на пиво издале франшиза на неколку гостилници да го служат нивното пиво, и ексклузивно право да го продава. Ова се почетоците на концептот на франшизинг каков што го знаеме сега.[1] Архивирано на 31 август 2008 г. Во 1851, Сингер компанија за производство на машини за шиење, почнала да дава франшизи за дистрибуција на нивните машини. Тој имал потпишано франшизки договор за дистрибуција, која претставува предвесник на модерниот франшизки договор. Во 1880 градовите почнале да даваат монополски франшизи на транвајските компании и за искористување на водата, канализацијата, гасот и подоцна струјата. До крајот на минатиот век франшизата претставувала само право на дистрибуција и продажба на мануфактурни добра. Бизнис обликот на франшизингот, кој претставува, доменантен облик денес, пристигнал на економската сцена после Втората светска војна со враќањето на милионите американски војници и жени и подоцнежниот бебе бум (бабѕ боом). Тогашниот бебе бум сѐ уште ја води економијата и ќе продолжи да го прави тоа сè до следниот век. Во тој период се јавила голема потреба за сите видиви на производи и услуги, и франшизингот претставувал идеален бизнис модел за рапидно ширење на бизнисот на хотелите и мотели и на индустријата за брза храна. За време на експанзијата во бОтите и 70-тите имало многу злоупотреби на франшизингот. Имало голем број на лажни франшизинг компании кои ги земале парите на луѓето и исчезнувале, голем број на компании исто така биле слабо управувани и банкротирале, оставајќи зад себе ланец на пропаднати франшизисти кои изгубиле се. Станало јасно дека франшизинг индустрија морала да се смени, за да остане остварлив бизнис концепт. Се основала Меѓународна фрашизинг организација (International Franchise Association1 со намера да се подигне нивото на целата индустрија. Интернационална франшзерска асоцијација држела обука за сите аспекти на франшизата, со цел да се истакне профисионалноста во индустријата. Членовите на (International Franchise Association) [2] морале стиктно да се придржуваат кон кодексот и етиката кои поставуваат висок стандард. Од страна на владината регулатива, Федералната трговска комисија, во 1978, создава регулатива и со тоа го обврзува франшизер да поднесува до секој потенцијален купувач на франшизата, документ, кој е наречен (Uniform Offering Circular или UFOC)[3] Архивирано на 4 мај 2009 г., пред да прими какви било пари од страна на куггувачот на франшизата. Овој докумет содржи детални информации за франшизинг компанијата, како за нејзината историја, информации за нивното работење, легислативна историја, финансиски извештаи, франшизиски договори, кој претставува договорот помеѓу франшизерот и франшизистот и список на сите поседувачи на франшизата со нивните имиња и телефонски броеви. Во интерес на (UFOC) е да овозможи доволно информации за да проспективните купувачи на франшизата можат да направат информиран избор. Исто така постојат многу земји кои имаат свои побарувања кои треба да се исполнат пред да може франшизерот да добие дозвола да ја продава франшизата во таа земја. Денеска фрашпизингот е високо регулирана индустрија која нуди големи можности на тие индивидуалци кои вистински сакаат да го реализираат својот сон и да се впуштат во бизнис за нив самите. Што претставува франшизатаФраншизата претставува континуирано сродство помеѓу продавачот на франшизата (франшизерот) и купувачот на франшизата (франшизистот), во коешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба. Франшизата е деловен брак помеѓу два субјекта кои остануваат правно независни. Практично со франшизата се врши трансфер на технологија на работењето. Франшизата е продавање на некој вид know-how, но не од технички аспект, туку од деловен, кој се пренесува преку прирачник (Operating Manual) и е деловна тајна. Знаењето може да се пренесува и усно, преку обука и со консултации. Постојат повеќе типови на франшизинг договори, кои се користат во индустријата и кои датираат од различен период од развојот на економијата во светот. Договор за дистрибутерство (право на дистрибуција). Овој франшизинг концепт се развил прв и одлика на оваа работење е тоа што дилерите имаат право на дистрибуција на производитеод производителот, а за тоа плаќаат надомест. Договор за синџипести бизниси — купувачот на франшизата работи под заштитно име на продавачот на франшизата и е член на издвоена група на дилери која ја офорормува работата на давателот на франшизата. Купувачот на франшизата следи стандардизирани или пропишани постапки и е обврзан да работи исклучително со продавачот на франпшзата во набавка на материјали и залихи. Договор за производство или производни објекти -. Дилерот добива од франшизерот формула или есецијална состојка за производство на производот и има ексклузивно право да го дистрибуира во одредена област на големо или на мало во зависност од франшизерот. Овој тип на франшоза има широка употреба во индустријата на безалкохолни пијалаци. Бизнис формат на франшиза — овој тип на франшиза не само што дава право на купувачот на франшизата да го користи името на фрншизерот и да ги продава неговите производи и услуги туку го пренесува и целиот начин на водење на бизнисот, кој е воспоставен од страната на франшизерот. Поконкретно пренесување на сите оперативни планови, технички експертизи, маркетинг планови, работилници, менаџмент методи и сите релевантни информации. Поради тоа бизнис формата на франшизинг е најуспешен метод на дистрибуирање на добра и услуги во економската историја на планетата земја. Предности и недостатоци на франшизатаГлавните предности на франшизинг-системот
Главни неповолности на франшизинг-системот
Во нашата земја постојат скромни искуства по прашање на купување на франшиза, како што се: Пивара од Скопје со Coca Cola, Пивара од Прилеп со Pepsi Cola, McDonald’s, Holiday Inn, некои производители на цигари, козметички салони, школи за учење на англискиот јазик и сл. ЗаклучокЗа многу луѓе сонот за вработување и финансиска независност се реализирал со купување франшиза. За многу други тоа купување донело тага и финансиска пропаст. Да се купи франшиза е потег кој мора темелно да се испита. Иако постои правна заштита во развиените земји, најдобра стратегија за превентива од овој проблем е исцрпното прибирање информации и строго водење на евиденција за секоја точка од договорот, бидејќи непочитување на некоја клаузула може да значи и крај на франшизата. Од друга страна со манипулативно однесување можно е одделни точки од договорот да се искористат за да се одземе франшиза, за некој друг да профитира или да заземе поволна локација. Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia