ФрастрејшнсФрастрејшнс (англиски: Frustrations) е австриски џез бенд основан во 2014 година година во Виена (Австрија). За бендотСе карактеризира со експерименталниот звук на модерниот џез, но и со фузија на неколку музички правци. Бендот го сочинуваат Јасмин Султаниќ (тапани), Фабиан Супанчиќ (пијано), Клеменс Вабра (гитара) и Томас Милахер (бас). Бендот Фрастрејшнс го основал тапанарот Јасмин Султаниќ, а тогашното трио го сочинувале уште и Јоаким Хубер и Рохелио Аугустин Перера.[1] Првиот албум и распадот на бендотАлбумот Frustrations истоимениот бенд го објавил во 2015 година во издавачката куќа Самплемен Рекордс, додека мастерингот го работело Студио Погон и Дражен Мулаосмановиќ. Визуелните ефекти, како и дизајнот на албумот ги направи Филип Виндзор Тополски.[2] По промоцијата на албумот и повеќе од 30 одржани концерти во 9 земји, дошло до несогласување меѓу членовите на бендот, по што во февруари 2016 година Јоаким и Рохелио го напуштиле бендот и тој престанал со работа.[3] Нова постава и втор албумЕдна година подоцна, основачот на бендот, Јасмин Султаниќ, собрал нови членови и бендот продолжил со работа. Новата постава ја сочинуваат Фабијан Супанчиќ (пијано), Клеменс Вабра (гитара) и Томас Милахер (бас). Сега веќе џез квартет Фрастрејшнс во април 2018 година го објавиле албумот Трајв во издавачката куќа Мусташ Рекордс, а миксот и мастерингот ги направил Коен Јуша (Soundittails ). Адмир Селимовиќ и Марлин Бетел биле одговорни за визуелниот идентитет на вториот албум.[4] Насловната песна „Трајв“, по која албумот го добил име, претставува заедничко вложување и соработка на бендот Фрастрејшнс со голем број музичари како што се Алекс Валдес (труба), Ајда Лејдл (виолончело), Дејвид Леон Гарсија (флејта), Лаура Еспиноза Гарсија (фагот), Филип Димитри Карајев (виолина), Никола Станошевиќ (клавијатури) и Фабио Девиџили (саксофон).[5] Бендот соработувал и со истакнатиот музичар Штефан Маас (перкусии), кој работел на песната „Фјужн“. Она што го карактеризира вториот албум и значително го разликува од првиот албум од 2015 година се примеси на фанк, филмска музика, а присутни се и поп елементи.[6] Список на песниFrustrations, 2015 година.
Thrive, 2018 година.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia