Френки Вали
Франческо Стивен Кастелучио (анг: Francesco Stephen Castelluccio; роден на 3 мај 1934 година), познат по неговото уметничко име Френки Вали (Frankie Valli), е американски пејач, [3] а популарност стекнал на почетокот од 1960-тите како фронтмен на поп групата Four Seasons. Препознатлив е по неговиот невообичаено моќен фалсет глас.[4] [5] [6] Вали заедно со Four Seasons имал 29 песни кои се пласирале на Топ 40 листата, една песна на топ 40 под алијасот на Four Seasons Wonder Who?, и девет песни на Топ 40 како соло изведувач. Како член на Four Seasons, песните со кои Вали се искачил на прво место на топ листата се: „Sherry “ (1962), „Big Girls Don't Cry“ (1962), „Walk Like a Man“ (1963), „Rag Doll“ (1964) и „"December, 1963 (Oh, What a Night)“ (1975). Неговиот препев на песната „Can't Take My Eyes Off You“ се искачила на второ место во 1967 година. Како соло пејач, Вали се нашол на врвот на топ листите со песните „My Eyes Adored You “ (1974) и „Grease“ (1978). Вали, Томи Де Вито, Ник Маси и Боб Гаудио – оригиналните членови на Four Seasons – беа примени во Куќата на славните на рокенролот во 1990 година [7] и Куќата на славните вокални групи во 1999 година Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia