The Four Seasons
The Four Seasons (македонска транскрипција: Фоур сизонс, во превод: Четири годишни времиња) ― американски рокенрол квартет основан во 1960 година во Њуарк, Њу Џерси. По 1970 година, тие понекогаш настапувале и под името Frankie Valli and the Four Seasons. Групата еволуирала од претходна група наречена The Four Lovers, со Френки Вали како главен пејач, Боб Гаудио на клавијатури и тенор глас, Томи ДеВито на главна гитара и баритон глас и Ник Маси на бас гитара и бас глас. Речиси сите нивни хитови од 1960-тите ги испеале под името The 4 Seasons. Four Seasons имале 29 песни кои се пласирале на Билбордовата топ-40 листа и една песна во топ-40 под името Wonder Who?. Песните со кои The Four Seasons се искачиле на прво место на топ-листата се: „Sherry“ (1962), „Big Girls Don't Cry“ (1962), „Walk Like a Man“ (1963), „Rag Doll“ (1964) и „"December, 1963 (Oh, What a Night)“ (1975). Песните „Big Girls Don't Cry“ и „Walk Like a Man“ се вклучени во „500-те песни кои го обликуваа рокенролот“ објавени од страна на Куќата на славните на рокенролот. Момчињата од Џерси е музичка театарска претстава заснована на животот на четирите члена од The Four Seasons. Претставата ја режирал Дес Мекануф (режисер на The Who's Tommy и 700 недели), а премиерно била изведена во неговиот театар Ла Џола на 6 ноември 2005 година; претставата добила претежно позитивни критики. Откако се преселила на Бродвеј, претставата освоила повеќе Тони награди. Во филмската адаптација, во режија на Клинт Иствуд, глумеле Џон Лојд Јанг како Френки Вали, Винсент Пјаца како Томи Де Вито, Мајкл Ломенда како Ник Маси и Ерих Берген како Боб Гаудио. Филмот бил објавен на 20 јуни 2014 година. Оригиналната постава на групата била примена во Куќата на славните на рокенролот во 1990 година,[5] Куќата на славата на вокалните групи во 1999 година[6] и Куќата на славните од Њу Џерси во 2017 година [7] Со продадени околу 100 милиони плочи ширум светот, тие се една од најпродаваните музички групи на сите времиња.[8] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia