Хананова Ледена Плоча

Хананова Ледена Плоча во рамките на Антарктик
Хананова Ледена Плоча
Местоположба на плочата

Хананова Ледена Плоча (англиски: Hannan Ice Shelf) — ледена плоча која зафаќа дел од брегот на Источен Антарктик, во близина на брегот на Ендербиевата Земја, во водната област на Космонаутското Море, дел од Индоокеанскиот сектор на Јужниот Океан. Го зазема југозападниот дел од големиот залив Лена (Кејси) со должина и ширина од околу 30 км. На северозапад е затворен од полуостровот Танг. Од запад се храни со ледникот Мол, а од југ од ледникот Киченсајд. Во средината на ледената плоча е островот Мекинон.

Ханановата Ледена Плоча бил откриен, испитан и топографски фотографиран во 1956-57 година од страна на Австралиската антарктичка експедиција и именуван од нејзините учесници во чест на Френсис Томас Ханан (1911-1988), австралиски метеоролог во новоотворената поларна станица Мосон.[1]

Поврзано

Наводи

  1. „Hannan Ice Shelf“. Geographic Names Information System. United States Geological Survey. Посетено на 2009-11-06.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya