Ендербиева Земја![]() Ендербиевата Земја (англ. Enderby Land) е изададена копнена маса на Антарктика која се протега од Шинановиот Ледник (67°55′S 44°38′E / 67.917°S 44.633°E) до заливот Вилијам Скорсби (67°24′S 59°34′E / 67.400°S 59.567°E). Областа ја открил истражувачот Џон Биско во февруари 1931 во китоловниот брод „Тула“ и наречена по сопствениците на бродот, браќата Ендерби од Лондон, кои ги советувале капетаните фоколовот да го дополнуваат со истражување. На дел од Ендербиевата Земја полага право Австралија, како дел од Австралиска Антарктичката Територија. Областа ги опфаќа следниве места: Амундсеновиот Залив, Кејсиевиот Залив, Скотовите, Тулските и Неперовите Планини. Највисоки планини на крајбрежниот венец се Мекмастер (2830 м), Елкинс (2300 м), Симпсон (1720 м) и Кодрингтон (1520 м). ПоврзаноНадворешни врски
67°30′S 53°00′E / 67.500°S 53.000°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia