Во текот на Австриско-пруската војна, Кралството Хановер се обидело да одржи неутрална позиција, заедно со некои други членки на Германскиот Сојуз. Откако Хановер гласал за мобилизирање на силите на сојузот против Прусија на 14 јуни 1866 година, Прусија тоа го видела само како причина за објава на војна; Кралството Хановер наскоро се распаднало и било припоено од Прусија. Приватното богатство на Хановерската династија подоцна било користено од Ото фон Бизмарк за финансирање на напорите против Лудвиг II Баварски.
Во 1946 година, британската воена администрација повторно ја создала Државата Хановер заснована на поранешното Кралство Хановер; но помалку од година дена, на иницијатива на германското водство, заедно со државите Олденбург, Брауншвајг и Шаумбург-Липе ја основале новата сојузна покраина Долна Саксонија со седиште во градот Хановер.
Хановерски окрузи
Шесте хановерски окрузи.Хановер, Олденбург, Брауншвајг (1905)Хановер, Шлезвиг-Холштајн и малите северногермански држави (1890)
Хановер бил поделен на шест окрузи, првин наречени Landdrostei[en] („Високи околии“), кои подоцна биле реорганизирани во стандардните пруски административни окрузи на 1 април 1885 година.