Вилхелмсбург (Хамбург)За други значења на поимот, погл. Вилхелмсбург (појаснување).
Вилхелмсбург (долногермански: Willemsborg) е кварт (Stadtteil) на Хамбург, Германија во рамките на округот (Bezirk) Хамбург-Мите. Се наоѓа на истоимениот остров помеѓу северните и јужните разграноци на реката Елба (Norderelbe и Süderelbe), заедно со другите квартови Штајнвердер, Федел и Клајнер Грасброк. Последните скоро сите се наоѓаат во делови на пристаништето во Хамбург. Четирите квартови технички се сите свои острови, бидејќи се раздвоени со посебни брани. ИсторијаВо 1642, Џорџ Вилијам (војвода на Брауншвајг-Линебург) стекнал три острови во реката Елба и го поврзал со брани. Произлезениот остров бил именуван Вилхелмсбург во негова чест. Во 1705, кнежевството Линебург преминало кон Електоратот Хановер и Вилхелмсбург станал дел од државата Хановер, која понатаму станала пруска Провинција Хановер во 1866. Во 1925, пруските власти го назначиле Вилхелмсбург како градски округ и го споиле со соседниот Харбург две години подоцна за да го создадат градот Харбург-Вилхелмсбург. Во 1937, Харбург-Вилхелмсбург, заедно со градовите од пруската Провинција Шлезвиг-Холштајн, Алтона и Вандсбек, биле припоени кон Хамбург со Законот за голем Хамбург.[1] Во текот на Втората светска војна пристаништето Хамбург и со тоа и Вилхелмбург биле цели на воздушните напади во т.н. Операција Гомора. Подкамп на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во Вилхелмсбург.[2] Ноќта меѓу 16 и 17 февруари 1962, Вилхелмсбург бил потполно поплавен и сериозно оштетен од поплавите од Северното Море. На 1 март 2008, Вилхелмсбург бил преместен од округот Харбург на округот Хамбург-Мите со законот за територијална организација на Хамбург.[3] ГеографијаВо 2006, статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Вилхелмсбург имал вкупна површина од 35,3 км2. Вилхелмсбург се граници на север со квартовите Штајнвердер, Клајнер Грасброк и Федел. На исток се квартовите Шпаденланд и Оксенвердер во округот Бергедорф. На југ се квартовите Нојланд и Харбург на округот Харбург и покраината Долна Саксонија, а на исток се квартовите Морбург и Алтенвердер на округот Харбург. ДемографијаВо 2006, Вилхелмсбург имал 49.132 жители. Густината на населеност била 1.394 жители на км2. 22,6% од населението се деца под 18 години, а 14,6% имале 65 години или повеќе. 33,7% биле странци. 4.298 лица биле регистрирани како невработени.[4] Во 1999, имало 21.345 домаќинства од кои 26,8% имале деца под 18 години кои живееле со нив, а 39,9% од сите домаќинства биле сочинети од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,18.[5] Население по години[4]
Во 2006, имало 7.204 кривични дела (147 дела на 1.000 жители).[6] Постоеле 8 основни и 6 средни училиште во квартот Вилхелмсбург и 52 лекари во приватни ординации и 11 аптеки.[7] Економија![]() ![]() ![]() Делови на хамбуршкото пристаниште се наоѓаат во Вилхелмсбург. ИнфраструктураБолницата Wilhelmsburger Krankenhaus Groß Sand има 257 кревети и дневен центар за геријатрија.[8] СообраќајВилхелмсбург е опслужуван од железничкиот систем на градските возови преку станицата Вилхелмсбург. Островите Вилхелмсбург, Штајнвердер, Федел и Клајнер Грасброк се поврзани преку бројни мостови. Главните врски со останатите делови на Хамбург се Hamburger Elbbrücken (Хамбуршките Елпски мостови), кои се состојат од Norder- und Süderelbbrücken (Северен и Јужен елпски мост), кои го поврзуваат Вилхелмсбург со центарот на градот на север и со квартот Харбург на југ, Kattwyk-Bridge на југозапад и Келбрандскиот мост, кој е главна врска од Вилхелмсбург на блискиот автопатот 7 и New Elbe Tunnel на северозапад. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Вилхелмсбург биле регистрирани 13.714 приватни возила (280 возила на 1.000 жители).[7] КултураОд 2007, музичкиот и уметнички фестивал Dockville се одржува секоја година налето Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia