Хармониска срединаХармониската средина — мерка на централна тенденција, која исто така се заснова на математичко пресметување (користејќи математичка формула) како аритметичката средина и геометриската средина. Хармониската средина е една од мерките на централна тенденција, корисна за квантитативни податоци. Хармониска средина е специфична средна големина, која се користи во исклучителни случаи, кога вредностите на белегот се во обратнопропорционален однос со неговата големина. Такви обратни пропорции постојат меѓу:
Хармониската средина има смисла да се бара само за оние белези каде сите нивни вредности се различни од 0. Оваа средина е мошне чувствителна за мали вредности на членовите на серијата. Хармониската средина ги има одликите на средните вредности, меѓутоа нејзината главна интерпретација ниту е едноставна ниту забележителна. Нејзината примена во економските истражувања на појавите е мошне ограничена. Главно се применува во случаи каде белезите на статистичките единици се изразени во облик на т.н. реципрочни показатели. Хармониска средина на негрупирани податоциХармониската средина што се пресметува од негрупирани податоци се нарекува проста хармониска средина. Се пресметува кога вкупниот број на податоци ќе се подели со збирот од реципрочните износи на вредностите на белегот. Хармониската средина се обележува со симболот Мh. Се пресметува со примена на следнава формула: Каде што: Мh = хармониска средна големина N = бројот на податоци x = вредност на белегот ПримерШест работника произведуваат ист вид производ. Времето потребно за изработка на една единица производ по одделен работник е дадено во табела број 5.4. Да се пресмета просечното потребно време за изработка на единица производ. Табела број 5.4. Време потребно за изработка на една единица производ по одделен работник
Објаснување: Просечно потребно време за изработка на единица од набљудуваниот производ изнесува 9,2 минути. Хармониска средина на групирани податоциХармониската средина пресметана од групирани податоци се нарекува хармониска пондерирана средина. Се пресметува кога вкупниот број на честоти ќе се подели со збирот на поделените износи меѓу бројот на честотите и вредноста на белегот. Формулата за пресметка на хармониската пондерирана средина е следнава: каде што: Мh = хармониска средна големина fi = бројот повторувања на податоците x = вредност на белегот ПРИМЕР: Во компанијата ПП за производство на една единица од производот А се троши следново време: Табела број 5.5. Потрошено време за производство на единица производ
Да се пресмета просечното потрошено време за изработка на една единица од производот А.
Решение:
Објаснување: Просечно потрошено време за изработка на една единица од производот А во набљудуваната компанија изнесува 26,01 минути.[1] [1][мртва врска] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia