Хепатална стеатозаХепатална стеатоза е состојба при која вишокот на масти се акумулира во црниот дроб.[1] Честопати нема или има малку симптоми.[1][2] Повремено може да има замор или болка во горната десна страна на абдоменот.[1] Компликациите може да вклучуваат цироза, рак на црниот дроб, и езофагеални варикси.[1][3] Главните подтипови на хепаталната стеатоза се метаболна дисфункција–асоцирана стеатотична хепатална болест (порано нарекувана „неалкохолна хепатална болест“ (NAFLD) и алкохолна хепатална болест, со категоријата „метаболно и алкохолно асоцирана хепатална болест“ со која се опишани преклопувањата на двете болести.[4] Примарни ризик-фактори вклучуваат внесот на алкохол, дијабетес тип 2, и гојазност.[1][3] Други ризик-фактори се употребата на одредени лекови, како што се глукокортикоиди, и инфекција со хепатит Ц.[1] Не е познато зошто некои луѓе со NAFLD развиваат само замастување додека други развиваат неалкохолен стеатохепатитис (NASH), кој е асоциран со полош исход.[1] Дијагнозата се заснова на медицинската историја поддржана со крвна анализа, медицински снимки, и повремено хепатална биопсија.[1] Третманот на NAFLD генерално се состои од промени во исхраната и вежби со цел да се постигне губење на тежината.[1] Кај тешките случаи опција може да биде трансплантација на црн дроб[1] Повеќе од 90% од тешките алкохоличари развиваат замастување на црниот дроб, додека околу 25% развиваат потешка состојба на алкохолен хепатитис.[5] NAFLD зафаќа околу 30% од луѓето во западните земји и 10% од луѓето во Азија.[2] NAFLD зафаќа околу 10% од децата во САД.[1] Почесто се јавува кај повозрасни луѓе и кај мажи.[3][6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia