Херес де ла Фронтера„Херес“ води овде. За други истоимени поими, видете Херес (појаснување).
Херес де ла Фронтера или само Херес (шпански: Jerez de la Frontera) — град и општина во покраината Кадис, во автономната заедница Андалусија, во југозападна Шпанија, сместена на средина помеѓу морето и планините. Градот е најголем во покраината со близу 215.000 жители, петти по големина во Андалусија. Станал сообраќаен и комуникациски јазол на покраината, надминувајќи го дури и Кадис, покраинскиот главен град, во економска смисла. Херес де ла Фронтера е исто така, во поглед на површина, најголема општина во покраината и нејзината голема површина содржи голем дел плодна почва за земјоделство. Исто така, постојат и многу фарми и ергелиња, а воедно е развиено и винарството. Градот се наоѓа 12 километри од Атлантскиот Океан, во комарката Кампиња де Херес, регион погоден за обработка на винова лоза, кој го создава познатиот Херес. Влегува во рамките на Мунисипиос де ла Баија де Кадис со метрополитенска област од над 650.000 жители. Некои познати места во градот се Алказар де Херес (маварска тврдина), црквата Сан Мигел, манастирот Херес и катедралата Сан Салвадор. Од 1987 година, во градот со својата патека за мотоциклизам е дел од Гран при првенството за наградата на Шпанија на почетокот на мај. КлимаХерес де ла Фронтера како и остатокот на покраината Кадис има суптропска–средоземна клима со океански влијанија, со многу свежи и влажни зими и долги топли до жешки и суви лета. Просечната годишна температура е 24 °C во текот на денот и 12° ноќе. Просечните годишни врнежи изнесуваат 598 mm, најмногу во периодот октомври-ароил. Декември е највлажен месец со 109 mm. Годишно има 54 врнежливи денови, 137 ведри и 2.966 часа сонце.
Меѓународни односиЗбратимени градовиХерес де ла Фронтера е збратимен со следниве градови: Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia