Химна на Европа
Ода на радоста (оригинален назив на германски: Ode an die Freude) е химна на Европската Унија и Советот на Европа; притоа и двете ја сметаат за Химна на Европа[1][2] поради намерата на Советот тој да ја претставува Европа како целина, а не да биде само некаква организација. Химната била заснована на финалниот став од Бетовеновата Деветта симфонија, компонирана во 1823 година, и се изведува на официјални настани организирани од двете организации. Историја![]() ПотеклоФридрих Шилер ја напишал поемата "За радоста" (An die Freude) во 1785 година како "славење на човековото братство".[3] Подоцна поетот ја презирал нејзината популарност и ја отфрлил како типичен "лош период на возраста" во кој тој ја напишал.[4] По неговата смрт, песната станала текст за хорската изведба на Деветтата симфонија од Лудвиг ван Бетовен. ПрифаќањеВо 1971 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучило да предложи "Ода на радоста" од Бетовенoвата Деветта симфонија, да биде усвоена како европска химна, прифаќајќи го предлогот на грофот Ричард Николаус вон Куденхоф-Калерги во 1955 година [5]. Бетовен, "авангардата на универзалистичките претензии на раниот романтизам", генерално се сметал за природен избор за автор на европската химна.[6] Советот на министри на 19 јануари 1972 год. во Стразбур за официјална Европска химна го прогласил воведот во "Ода на радоста", 4-то движење од Деветтата симфонија на Лудвиг ван Бетовен. Истата мелодија во 1974 година била прифатена и како државна химна на Родезија. Од диригентот Херберт фон Карајан било побарано да напише три инструментални аранжмани - за соло пијано, за дувачки инструменти и за симфониски оркестар, а тој диригирал при изведбата за нејзиното официјално снимање. Притоа направил минимални промени во композицијата, посебно во врска со темпото. Карајан се одлучил за половина нота = 80 (минима) онаму каде што Бетовен употребил четвртина нота = 120 (кроачет). Химната била промовирана преку голема информативна кампања на Денот на Европа во 1972 година. Во 1985 година, од страна на шефовите на европските држави и влади, била усвоена како официјална химна на тогашната Европска заедница (од 1993 година - Европска унија). Целта на оваа химна не е да ги замени националните химни на земјите-членки на Унијата, туку да ги слави нивните заеднички вредности и нивното единство во различноста. Таа ги изразува идеалите за обединета Европа: слобода, мир и солидарност.[7] УпотребаХимната се користи во одредени прилики, како што е на Денот на Европа или на официјални настани, како што е потпишувањето на договори. Во 2008 година Косово ја користело како државна химна сè додека не усвоило своја химна, при што "Химната на Европа" била изведена при усвојувањето на Декларацијата за независност, означувајќи ја улогата на ЕУ во независноста на Косово од Србија.[8] Во 2007 год. при церемонијата на потпишување на Лисабонскиот договор, во присуство на овластените претставници на 27-те земји-членки на Европската унија, "Ода на радоста" била изведена од хор на 26 деца од Португалија, кои ги пееле оригиналните германски стихови.[9] Во 1992 година химната била употребена од страна на фудбалската репрезентација на Заедницата на независни држави на Европското првенство во фудбал 1992 година. На 4 октомври 2010 година химната за првпат била изведена на еден голем спортски настан, кога тимот на Европа го победила тимот на Соединетите Американски Држави на голф турнирот "Ryder Cup". Капитенот на европскиот тим, Колин Монтгомери, одлучил да се прекине со традицијата да се изведуваат националните химни на европските земји и наместо тоа да се изведе европската химна. Како резултат на тоа, за првпат европската химна била пренесувана во целиот свет од еден голем спортски настан. Неофицијални стихови![]() Поради големиот број јазици што се користат во Европската Унија, химната е инструментална, а стиховите на Фридрих Шилер немаат официјален статус. И покрај тоа, овие стихови често се користат при хорска изведба на химната, а постојат и преводи на неколку други европски јазици. Неодамна, преводот на латински, како поранешен лингва франка во повеќе европски држави, е предлог напишан од страна на австрискиот композитор Петар Роланд.[10]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски![]() Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia