Хоен Нојендорф
Хоен Нојендорф (германски: Hohen Neuendorf) е град во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа северозападно од Берлин. ГеографијаХоен Нојендорф се наоѓа на реката Хафел (изграден на Канал Одра-Хафел) и се граничи со берлинскиот кварт Фронау на југ, Миленбек (вклучувајќи го Шенфлис) на исток, Биркенверде и Ораниенбург на север и Хенигсдорф и Фелтен на запад. Градски единициХоен Нојендорф се состои од 4 градски единици:
ИсторијаХоен Нојендорф бил мал град со малку жители сè до крајот на 19 век, кога со развојот на железницата, почнал да се развива и самиот град. Основањето на железничка станица во Хоен Нојендорф кон крајот на 19 век, благодарение на поголемото и побогато село Штолпе, довело до брз развој на Хоен Нојендорф, напоредно со самиот развој во Берлин. Денес, новата железничка станица Хоен Нојендорф е дел од берлинската С-Железница, додека старата зграда се користи како хотел. Граница со Западен БерлинОпштината се граничела со поранешниот Западен Берлин и поради тоа во периодот 1961-1990 била одделена од него со Берлинскиот ѕид. Помеѓу 1 јануари 1988 и 30 јуни 1990, селото Штолпе служело како граничен премин помеѓу Западен Берлин и Источна Германија. Сообраќајот бил предмет на одредбите за меѓузонското движење, кои биле одредени со договорот од 1972. По 9 ноември 1989 источните контроли биле постепено намалувани, а на крајот на 30 јуни 1990 биле целосно укинати. Меѓународни односиХоен Нојендорф е збратимен со:
![]() СпортРУ Хоен Нојендорф, рагби клуб, се натпреварува во втората германска лига. Наводи
јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia