Ораниенбург
Ораниенбург (германски: Oranienburg) — град и административно седиште на округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. ГеографијаОраниенбург е сместен на бреговите на реката Хафел, 35 километри северно од Берлин. Градски единициГрадот се состои од 9 градски единици:
ИсторијаПрвичното име на Ораниенбург било Бецов. Градот бил основан во 12 век и бил првпат споменат во 1216. Се верува дека Алберт I ја наредил изградбата на замок на бреговите на Хафел. Околу замокот постоела населба на трговци и занаетчии. Во 1646, Фридрих Вилхелм I се оженил со Луизе Хенриете. Таа била восхитена од градот Бецов, па поради тоа нејзиниот маж ѝ го подарил целиот регион. Принцезата наредила да се изгради нов замок во холандски стил и го нарекла Ораниенбург или Замок Ораниенбург. Во 1653, градот Бецов бил преименуван во Ораниенбург. Силвио Гезел, основачот на слободната економија („Freiwirtschaft“), живеел во Ораниенбург помеѓу 1911 и 1915, објавувајќи го своето списание, „Der Physiocrat“. Се вратил во градот во 1927 и останал тука до својата смрт во 1930. Градот останал средиште на движењето за слободна економија додека не бил преземен од нацистичкиот режим во 1933 и многу следбеници на Гезел завршиле како затвореници во концентрацискиот камп во градот. Еден од првите нацистички концентрациски кампови бил тој во Ораниенбург во 1933. Во 1936 бил заменет од концентрацискиот камп Заксенхаузен, кој продолжил да работи до крајот на нацистичкиот режим; 200.000 луѓе биле затворени во 9 годишниот период на кампот. 22.000 биле убиени од нацистите пред ослободувањето од советската Црвена армија во 1945. Потоа, местото било повторно отворено во август 1945 како советски специјален камп 7. Околу 12.000 луѓе (главно нацисти кои чекале судење) умреле за време на кампот пред тој да биде затворен во 1950. Нивните остатоци не биле пронајдени до почетокот на 1990-тите. Ораниенбург бил исто така центар на проектот за јадрена енергија на Нацистичка Германија и според воениот историчар Ентони Бивор, отпочнувањето на Битката за Берлин од Сталин било мотивирано од неговата желба за освојување на објектот.[2] Исто така се тврди дека уништувањето на објектите на американските воздушни сили на 15 март 1945 било направено како превентива од потпаѓање во советски раце.[3] Меѓународни односиОраниенбург е збратимен со:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia