Хосе Мануел Калдерон (шпански: José Manuel Calderón) е шпански кошаркар, кој настапува за тимот на Њуjорк Никс во американската НБА лига. Како член на младинската репрезентација на Шпанија, тој го освои златниот медал во 1998, а контибуираше кон сребрените медали на европските првенства во 2003 и 2007. Во 2006, на Светското првенство во кошарка во Јапонија, Хосе беше првиот бек на шпанската репрезентација, кои го освоија првото место на турнирот. Како член на Рапторсите, во 2007/2008 сезона, има неверојатен просек од 5,5 асистенции за секоја изгубена топка, и заедно со Крис Бош ги водат Рапторси кон уште една успешна сезона. Во 2010-2011 сезона Калдерон има просек од неверојатни 8,9 асистенции по натпревар. 2012-2013 ја започнува во Детроит Пистонс. Во 28 натпревари Хосе бележи по 11,3 бода по натпревар и 7,1 асистенција. На 11 јули 2013 година потпишува 4 годишен, 28 милионски договор со Далас Маверикс. Ја завршува сезоната со просеци од 11.4 бода по натпревар и 4.7 асистенции. На 25 јуни 2014 е испратен во Њујорк Никс. Надвор од теренот, тој е амбасадор за разни хуманитарни организации, како „Right to Play“ (Право да се игра).