Торонто Репторс
Торонто Репторс (англиски: Toronto Raptors) е единствениот канадски тим во Националната Кошаркарска Асоцијација, сместн во Торонто, Онтарио, во југоисточна Канада. Тимот е формиран во 1994 од стопанственикот Џон Битов Помладиот, Македонец со потекло од Габреш, Костурско. како дел од проширувањето на НБА во Канадските градови Торонто и Ванкувер. Во 2001, Ванкувер Гризлис се преселија во Мемфис, Тенеси, оставајќи го Торонто единствен канадски тим во НБА. Најголемо достигнување на тимот беше стигнувањето во полуфиналето на Источната конференција во 2001. Прва звезда на тимот беше Винс Картер, познат за неговите воздишнувачки забивања. Во сезоната 2006-2007 главен тренер беше Сем Мичел, а најголема ѕвезда во екипата беше Крис Бош. Сезона 2006/2007Сезоната 2006/2007 беше стандардна бајка-сезона, започнувајки со слаби играчи во пред-сезоната, земање на многу нови играчи од страна на менаџерот Брајан Коланџело, кој го драфтува и младиот Италијанец Андреа Барњани.[1] „Репторси“ во оваа сезона го изедначија победничкиот рекорд на тимот на сите времиња со 47 победи и 35 порази. На чело со Крис Бош, поддржан од Т.Џ. Форд, Хорхе Гарбахоса, Ентони Паркер и Андреа Барњани.[2] За првпат во 5 години, Рапторс го освоија 3. место во Источната конференција, а играа во разигрувањето на НБА, каде што беа поразени од Њу Џерси Нетс 4-2 во серија до 4 добиени, во првата рунда на разигрувањето. Сезона 2007/2008„Рапторси“ во оваа сезона станаа послаби наместо подобри, и собраа биланс на 41 победа и 41 пораз. Ова се атрибуираше на неиграњето на Хорхе Гарбахоза и слабата сезона на првиот пик на драфтот Андреа Барњани. Сепак, се изборија за 6то место во истокот, и играа во разигрувањето на НБА, каде што пак беа поразени во првата рунда на разигрувањето, од Орландо Меџик со 4-1 во серија до 4 добиени. Составот во 2007/2008
Сезона 2008/2009Летото 2008, така-наречена оф-сезона, започна со голема размена со Индијана Пејсерс. Торонто ги доби Џермејн О'Нил и младиот Австралијанец Нејтан Џовеј, а ги даде Т.Џ. Форд, Рашо Нестеровиќ, Матео Бастон и младиот Рој Хиберт. Карлос Делфино го напушти тимот како слободен агент, и покрај многу гласини дека се сели во Грција, Ентони Перкер остана во Торонто. Исто така, Примож Брезец и Дерик Мартин заминаа како „слободни агенти“. Составот во 2008/2009
Наводи
Надворешни врски
Ајзеја Томас • Глен Грунвалд • Јек Меклоски (вршител) • Роб Бабкок • Вејн Ембри (вршител) • Брајан Коланџело |
Portal di Ensiklopedia Dunia