ХуцулиХуцули (украински: гуцули, singular гуцул; на латиница Huculs, Huzuls, Hutzuls, Gutsuls, Guculs, Guzuls, or Gutzuls; полски: Hucuł, множина Huculi, Hucułowie; романски: huțul, множина huțuli) се словенска етничка група кои со векови живеат на планините Карпати, претежно во Украина и во северниот дел на Романија, во областите Буковина и Марамуреш. Позната претставничка на оваа етничка група е украинската пејачка Руслана. Постојат различни хипотези за потеклото на Хуцулите. Според една од нив, потекнуваат од Белите Хрвати, словенско племе што ја населувало таа област од 4 до 12 век, или од словенското племе Улици кои морале да ги напуштат домовите до реката Бух поради притисок од Печенезите.[1] Хуцулите се идентификуваат како дел од украинскиот етнос, задржувајќи локален идентитет како подгрупа.[2] Јазикот на Хуцулите се смета за дијалект на западниот украински јазик со некои полски влијанија.[3][4][5][6][7] На јазикот му се заканува исчезнување поради тоа што од времето на Сталин во обврзниот образовнен систем се користи само стандардизираниот литературен украински. Во последните години се јавува и движење за зачувување на традиционалниот хуцулски јазик. ![]() Културата на украинсите Хуцули има сличности со соседните култури од Западна и Југозападна Украина,[8][9] особено со Лемкосите и Бојкосите. Овие групи имаат сличности и со други словенски планински народи, како Горалците во Полска и Словачка.[10] Забележани се и некои сличности со влашките култури од Моравска Влашка во Чешка и некои култури од Романија.[11] Повеќето Хуцули се номинално православни. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia