Царевна Миладинова
Царевна Миладинова (1 јануари 1856- 18 декември 1934) — македонски просветен работник, еден од основачите на Солунската женска гимназија, авторка на првите правилници за работата на училиштата во Македонија.[1] ЖивотописЦаревна Миладинова е ќерка на Димитар и Митра Миладинови.[2] Првото образование го стекнала кај учителот Георги Икономов. Во 1866 година преку Битола и Константинопол, стигнала во Киев, каде што учела во Фундуклеевската класична гимназија. По завршувањето на гимназијата во 1874 година, заминала во Константинопол, од каде што била назначена за учителка во Шумен. Учителствувала и во Етрополе (1881) и во Свиштов (1882). Во овој период се омажила за учителот и трговец Никола Алексиев од Охрид, по што на своето презиме го додала и неговото, па во книжевноста од подоцнежниот период се сретнува како Царевна Миладинова-Алексиева.[3] По основањето на Солунската женска гимназија „Свето благовештение“,[2] била назначена за управителка (1883/1884), а потоа за помошничка управителка и за учителка по книжевност (1884 – 1889). Во 1889 година Царевна одговорила позитивно на барањето на Прилепската црковна општина и организирала училиште за девојчиња во градот. Таа била директор од 1889 до 1891 година, а потоа повторно заминала во Солун, каде основала егзархиско училиште во маалата Пиргите, во јужниот дел на Солун. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia