Цари Врв
Цари Врв (бугарски: Цари връх), наречен и Царев Врв (Царев връх), Голем Царев Врв (Голям Царев връх) или Алиботуш — врв на планината Славјанка (Али Ботуш) во јужна Пиринска Македонија. Висок е 2.183 м. Се издига на највисокиот од второстепените ридови на планината, северно од главното планинско било и на североисток од првенецот Гоцев Врв. Има куполест облик со стрмни и лавиноопасни западни и источни падини. Врвот е сочинет од мермери. Покриен е со тенка кафеава шумска почва. Во ниските делови е обраснат со шуми од муника, а над 2.000 м.н.в. со високопланинска тревна растителност. Се наоѓа во рамките на резерватот „Али Ботуш“. ИскачувањеГлавни приоди за искачување на врвот се планинарските домови „Славјанка“ (над с. Парил) и „Извора“ (над с. Петрово).[1] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia