Цајц
Цајц (германски: Zeitz) — град во округот Бургенланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Вајсе Елстер, во средината на триаголникот на сојузните покраини Саксонија-Анхалт, Тирингија и Саксонија. ИсторијаЦајц бил прво документиран под името Сиси на синодот во Равена во 967. Помеѓу 965 и 982, била главна тврдина на грофовијата Цајц. Помеѓу 968 и 1028 Цајц бил бискупска резиденција, која подоцна била преселена во Наумбург. Но, кон крајот на 13-от век бискупите повторно престојувале во нивниот замок во Цајц. Хермансшахт (изграден во 1889) — една од најстарите фабрики за тули во светот. Целта на бомбардирањето во нафтената кампања во втората светска војна, фабриката БРАБАГ североисточно од Цајц, која користела лигнит јаглен за синтетизирање на нафта Ерзац[2] – работниците биле обезбедувани од блиските подкампови на Бухенвалд во Ремсдорф и Глајна. Во средината на 1960-тите започнала со градсба станбената зона „Цајц-Исток“, а во средината на 1980-тите станбени објекти како што се „Völkerfreundschaft“ (Народно пријателство) биле изградени. Градот бил индустриски центар до 1989/90. На 18 август 1976, протестантскиот свештеник Оскар Бризевиц од Рипиха се запалил самиот до смрт пред црквата Св. Михаил. Ова било протест против системот на ГДР и еден од корените за побуните во 1989. Главни знаменитостиГлавните знаменитости во Цајц главно се наоѓаат по Романескниот пат .
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia