Цветко Христов

Цветко Христов
Роден 1884
Присовјани, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал 9 септември 1914
Софија, Царство Бугарија

Цветан (Цветко) Христов, нарекуван Дедо Господ[1] или Попот[2] (Присовјани, 1884 - Софија, 9 септември 1914) — македонски револуционер, охридски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[3]

Животопис

Христов е роден во 1884 година в струшкото село Присовјани. До 25 март 1903 година, тој бил четник кај Никола Русински, заедно со браќата Тасе Христов и Дојчин Христов - исто така револуционери на ВМОРО.[4]

За време на Илинденското востание, тој бил помошник војвода во четата на Тасе Христов и бил војвода на четата од село ’Ржаново. За време на востанието, четите раководени од Тасе Христов ја нападнале османлискта војска во селото Елевци. На 3 август, четата на Цветко удрила од позади и го изгонила башибузукот кој ги заобиколил четите на Тасе Христов. Следниот ден, неговата чета била опколена и Цветко бил ранет, но успеал да се извлече, по што четите почнале да се повлекуваат во Горен Дебар.[5]. Таму ги продолжил дејствувањата, заедно со четите на Смиле Војданов.

Во втората половина на септември, откако го собрале и криече оружјето од демобилизираните чети во регионот, Цветко, Тасе и Дојчин Христови избегале во Бугарија, водени по разработен канал од кичевскиот војвода Ванчо Србаков.[6]

Во Македонија, тој се вратил со чета во 1905 година. На патот за Охридско, четата водела борба во Прилепско, каде загинале шест четници, а Цветко Христов бил ранет. Умрел на 9 септември 1914 година, во Софија.[7].

Наводи

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 93
  2. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.39, 80
  3. Кратка биографија на Цветко Христов
  4. Русински, Никола, „Принос към историята на Вътрешната Македоно-Одринска Революционна Организация (градивен период) за времето 1900-1903 г.“
  5. Спомени - Лазар Димитров
  6. Анастасов, Йордан. „Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968“, „Спомени на Смиле Войданов“ стр.204, 206, 210
  7. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 181.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya