На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Присони е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 11 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите 3 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата во периодот од 1948 до 1950 година, родови во селото биле:
Доселеници:Грковци (39 к.) се делат на Треновци, Трајковци, Спасевци, Марковци, Мојсовци, Неловци, Кузмановци, Вељановци, Таневци, Ристовци, Петковци и Симоновци. Потекнуваат од предокот Никола кој се доселил од некое место во Тракија. Во старото место бил заробен од турски бег и донесен овде. Овде се оженил со некоја девојка од Дримкол, или од селото Елевци и така го основал родот. Времето кога е доселен основачот на родот е во XVIII век; Шуминовци (22 к.) се делат на Петковци, Котевци, Лечовци, Ќитовци, Иловци, Трпчевци и Милошовци. Потекнуваат од предокот Митре кој бил исто така заробен од турски бег и донесен во селото. Тој бил однекаде од Шумадија во Србија. Овде се оженил со девојка од селото Тучепи во Голо Брдо и така го основал родот; Петревци (2 к.), Чукевци или Стрезовци (1 к.) и Митревци (1 к.) за ови три рода присовјанци велат дека се посебни родови. Митревци се доселени од сега раселеното село Славила кај Селци. А другите два рода се со непознато потекло.[2]
Од родовите се знае за следните иселеници до 1950-тите.
Од Грковци се иселени во:Софија (четири семејства од 1895 година), Австрија (четири семејства од 1906 година), Унгарија (две семејства од 1908 година), Чешка (две семејства од 1908 година), Грко Поле (од 1918 година, таму познати како Малесорци или Ристовци), Охрид (осум семејства од периодот помеѓу 1920 и 1923 година), Белград (две семејства од 1921 година), Скопје (две семејства од 1923 година), Пожаревац (едно семејство од 1933 година), Збажди (на имот на роднина од 1946 година) и во Битола (едно семејство од 1946 година).
Савевци (биле посебен род) се иселиле во:Јабука (едно семејство од 1946 година, двајца браќа).
Петревци се иселени во:Струга (едно семејство од 1946 година).
Чукевци се иселени во:Нови Сад (две семејства од 1936 година).
Шуминовци се иселени во:Белград (две семејства од 1880 година), Нови Сад (едно семејство од 1890 година), Германија (три семејства од пред 1903 година, во Лајпциг и Ерфурт), Софија (три семејства од после 1903 година), и во Мороишта (од 1925 и 1948 година, познати како Трпчевци).
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“