Цел за одржлив развој 1![]() Цел за одржлив развој 1 (скратено ЦОР 1) — прва од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел да „нема сиромаштија“. Официјалниот текст гласи: „да си стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде“.[1][2] Преку заложувањето „никој да не заостане“, земјите се обврзуваат да им овозможат забрзан напредок на оние коишто заостануваат за водечките.[3]:54 ЦОР 1 има за цел да го искорени секој облик на екстремна сиромаштија. Овие облици ги вклучуваат најосновните човечки потреби како што се храна, чиста вода за пиење и санитација, но исто така и некои нови потреби предизвикани од глобалното затоплување и судирите. ЦОР 1 не се однесува само на мажите, жените и децата, туку и на основните човечки ресурси, услуги и заедници погодени од судири и природни непогоди.[4] И покрај тековниот напредок, околу 10% од светското население живее во сиромаштија и се бори да ги задоволи основните потреби, како што се здравство, образование и пристап до вода и санитација.[5] Екстремната сиромаштија и натаму преовладува во нискодоходните земји, особено во оние погодени со судири и политички немири, како што се земјите во Потсахарска Африка, Латинска Америка и Карибите.[6], and other conflict-prone regions. Without significant shift in policies, extreme poverty will double in digits by 2030.[7] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia