Цел за одржлив развој 10![]() Цел за одржлив развој 10 (скратено ЦОР 10) — десетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел постигнување „намалена нееднаквост“. Официјалниот текст гласи „намалување на нееднаквоста во и меѓу земјите“.[1][2][3] Целта бара намалување на нееднаквоста по основ на доход, пол, попреченост, раса, народност, потекло, религија или економски статус.[4] Таа има 10 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година, а напредокот кон нивното постигнување се мери со помош на 11 показатели. Постигнувањето сеопфатност, осигурувањето еднаква можност и намалувањето на нееднаквоста се клучен дел од постигнувањето на оваа цел.[5] Доходовата нееднаквост продолжува да се зголемува во многу делови на светот дури и во услови кога најсиромашните 40% од населението во многу земји бележи раст на сопствениот доход.[2]:42 Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia