Цел за одржлив развој 11![]() Цел за одржлив развој 11 (скратено ЦОР 11) — единаесетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел создавање „одржливи градови и заедници“. Официјалниот текст гласи „остварување на инклузивни градови и населби, безбедни, прилагодливи и одржливи“.[1][2] Целите за одржлив развој земаат предвид дека активноста во едно подрачје ќе влијае врз исходот во други подрачја, како и дека развојот мора да бги урамнотежи социјалната, економската и еколошката одржливост.[3] ЦОР 11 се покажала од суштинско значење за време на пандемијата на коронавирус преку осигурување намалена изложеност на оние коишто живеат во густо населените подрачја.[4] Пандемијата исто така покажала дека ваквите подрачја и натаму се предизвик имајќи предвид дека 90% од заразените случаи се забележани во нив.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia