Церјанска Пештера![]() ![]() Церјанската пештера се наоѓа во југоисточна Србија, на 15 километри од Ниш, во близина на селото Церје.[1] Таа се наоѓа на територија на нишката градска општина Пантелеј. За пештератаЦерјанската пештера се наоѓа во склоп на излетничкото место Каменички вис. Влезот на пештерата се наоѓа на надморска височина од 515 m, на местото каде Провалиската река потонува во подземјето. Пештерата е хидролошки активна. Според геолозите, оваа пештера настанала пред повеќе од 2 милиони години.[2] Првото име на пештерата било Провалија. Главниот ходник на пештерата е долг 3360 м.[3] Имиња на пештерата
Пештерски накитПештерата е украсена со пештерски накит како што се: сталактити, сталагмити, хеликтити, брановидни завеси, пештерски корали и кристални цветови. Од посебно значење се хелактитите или пештерските рози. Хелактитите се посебен вид на пештерски накит, кој спротивно на физичките закони и Земјината гравитација се формираат и распространуваат во сите правци поради делувањето на воздушните струи.[4] Заштита на пештератаПештерата е под заштита од 1955 година. Заводот за заштита на спомениците на природата во 1998 година ја прогласил Церјанската пештера за природно богатство од прва категорија.[5] Јавното претпријатие Дирекција за изградба на градот Ниш е задолжено за управување со пештерата, како и за заштита и развој на пештерата.[6] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia