Црвената желка
Црвената желка (француски: La Tortue Rouge; јапонски: レッドタートル ある島の物語) — анимиран филм од 2016 година, во режија на холандско-британскиот аниматор Михаел Дудок де Вит. Филмот е ко-продукција помеѓу Wild Bunch и Studio Ghibli, и ја раскажува приказната на човек кој доживува бродолом на пуст остров и запознава огромна црвена желка. Филмот нема дијалог.[4] Тој премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2016 година.[6][7] Филмот е номиниран за Оскар за најдобар анимиран филм на 89. доделување на наградите. ПродукцијаЦрвената желка е ко-продукција на Wild Bunch и Studio Ghibli во соработка со Why Not Productions. Според Венсан Маравал, директорот на студиото Wild Bunch, тој го посетил Studio Ghibli во Јапонија во 2008 година и имал средба со Хајао Мијазаки. Мијазаки му го посочил краткометражниот филм Татко и ќерка и му кажал да се сретне со неговиот режисер, Михаел Дудок де Вит, со намера за ко-продуцирање на долгометражен анимиран филм. Од Wild Bunch пристапиле до Дудок де Вит во Лондон и го убедиле да го прифати проектот. Сценариото на филмот било напишано од Дудок де Вит и Паскал Феран.[8][9] МузикаКомпозитор на придружната музика во филмот е Лорен Перес дел Мар. Музиката била снимена во Скопје, во студиото ФАМЕС на француската двојка Од Мопас и Лорен Копиц, што работи во просториите на македонската радиотелевизија.[10] ПриемКритикиЦрвената желка добил критичко признавање. На агрегаторот Rotten Tomatoes, филмот има резултат од 94% врз основа на 77 ревизии, со просечна осенка од 8.3/10.[11] На Metacritic филмот има рејтинг 88 од 100, врз основа на 22 ревизии, означувајќи „универзално признание“.[12] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia