Црвеноглав кожувар
![]() Црвеноглав кожувар (Aythya ferina) е вид птица од семејството патки, се среќава и под името Бугарец. Ја има во Македонија. РаспостранетостНајмногу е распостранет во северна Европа и Азија. Можеме да ја сретнеме во западна и јужна Европа, и во Велика Британија. ОписДолги се 42-58 см, а тешки се околу 816 g. Распонот на крилјата им е 74-89 см, телото и крилјата им се бели, а на женките сиво-кафени. Главите им се кафено-црвени, клуновите им се црни со сиво. Нозете им се сиви, а опашките црни. ЖивеалиштеНивни живеалишта се мочуриштата и езерата со длабочина од 1–6 m. ИсхранаОвие патки се хранат со нуркање, јадејќи водни растенија со некои мекотели, водни инсекти и мали риби. Најчесто се хранат ноќе. РазмножувањеГнездата ги градат на места сокриени со треви и вегетација. Инкубацијата на женките трае 25 дена, и добиваат 6-12 зелени (маслинести) јајца. Малечките го прават својот прв лет на свои 50-55 дена. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia