Црвенонога тринга
Црвеноногата тринга (науч. Tringa totanus) е евроазиска крајбрежна птица од големата семејство на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa). Ја има и во Македонија. ![]() Опис![]() ![]() Перјето на црвеноногата тринга во сезона на парење е мраморно кафеаво, со црни и сиви дамки и малку посветло одоздола. Зимно време, пак, перјето е посветло, сиво-кафеаво одозгора и речиси бело одоздола. Во лет имаат бели ленти на грбот и на краевите од крилјата. Нозете им се црвени, а клунот црвен со црн врв. Должината на возрасната птица достигнува до 30 см, со распон на крилјата од 65 см, и тежина до 170 г. Животниот век на оваа птица е околу 17 години. На почетокот од пролетта започнува додворувањето уште за време на летот, при што мажјаците пеат многу мелодично. Во другото време песната им е убаво тју-ли, тју-ли, те-лиее. Живеалиште и поведениеОваа птица е широко распространета во умерена Евроазија. Таа е птица преселница што зимува на бреговите околу Средоземјето, Атлантикот и во јужна Азија. Тие ретко заскитуваат, но им се случува, како на пример, во 1970-тите и во 2000 година во Палау, Микронезија[2]. Црвеноногата тринга е многу бучна и со своето гласно пипикање ќе ги растревожи и сите останати. Црвеноногата тринга се исхранува со разни безрбетници: инсекти (водни инсекти, бубачки, ларви, муви), мекотели, црви, мали риби и полноглавци. Гнездата ги прават било каде на влажни места, од влажни ливади до солени мочуришта, често и многу густо едни до други. Несат 3-5 јајца. СтатусПоради широката распространетост и бројност на видот, спаѓаат во категоријата на најмала загриженост[3]. За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia