Црвеноушеста желка
Црвеноушеста желка (науч. Trachemys scripta elegans) — полуводна желка од семејството на блатните желки (Emydidae). Ова е подвид на истоимената црвеноушеста желка (T. scripta) и претставува најпопуларна желка-миленик во светот[1][2] Присутна е како домородно животно во САД и северно Мексико, но денес ја има и на други места поради пуштање во дивина од сопственици. Во многу подрачја важи за инвазивен вид, каде се наметнува врз домородните видови и спаѓа во 100-те најнаметливи доведени видови во светот[3] според Меѓународен сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN). ПоведениеОваа желка е речиси сосема водно животно, освен кога се сонча и кога положува јајца. На копно е прилично брза, а исто така е и добар пливач. Ловат плен и се обидуваат да го фатат, кога е можно. Се труди да избегне средби со грабливци и луѓе; кога ќе видат непријател, му бегаат со нивното познато „слизнување“. Опис![]() Новородените желчиња имаат черупка долга околу 3 см. Видот се одликува со полов диморфизам во облик на должината — женките растат до 25—33 см, а мажјаците до 20—25 см. Женките не само што се поголеми од мажјаците, туку и имаат посилна челуст. Од друга страна, мажјаците имаат значително подолга и подебела опашка, како и подолги канџи на предните нозе, предвидени за да се држат за черупката на женката кога се парат. Исхрана и размножувањеОвие желки се сештојади: се хранат со риби, ракови, со мрша, полноглавци, полжави, разни инсекти и водни растенија. При што младите единки се многу посклони на грабливост од возрасните: како што стареат, желките сè повеќе се хранат со растенија, а сè помалку со месо. Сезоната на парење се одвива во мај. Женката полага по 2—30 јајца одеднаш, и ова може да се повтори до 5 пати годишно. Црвеноушестата желка достигнува полова зрелност на возраст од 6—8 години. По парењето, на женката понекогаш ѝ требаат неколку недели за да ги положи јајцата, а квачењето трае 60—90 дена. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia