Црвено Море (област)
Областа Црвено Море (арап. محافظة البحر الأحمر Muḥafaẓah al Baḥr al Aḥmar) ― една од 27-те области (гувернерства) во Египет. Сместена помеѓу Нил и Црвеното Море на југоисток од земјата, нејзината јужна граница е дел од границата на Египет со Судан. Нејзин главен град и најголем град е Хургада. Општински единициОбласта е поделена на општински единиции со вкупно проценето население заклучно со јули 2017 година од 361.480. Во случајот со Областа Црвено Море, некои се целосно урбани, некои се целосно рурални, а некои се комбинација од рурални и урбани.[4][5]
ГеографијаОбласта Црвено Море се граничи на север со Областа Суец, на исток со Црвеното Море и на запад со областите Асуан, Кена, Сохаг, Асјут, Миња и Бени Суејф. На југ се граничи со Вилаетот Црвено Море на Судан. Ја содржи спорната територија на Халаибскиот Триаголник, вклучувајќи ги и Островите Сијал. НаселениеОбласта Црвено Море забележува голем процент на зголемување на населението во последните децении. Тешки индустриски зониСпоред египетската Управа за инвестиции и слободни зони, подредена на Министерството за инвестиции и меѓународна соработка, следните индустриски зони се наоѓаат во оваа област:[6]
ЕкономијаБрегот е туристичко одредиште. Од раните 1980-ти, Хургада е познато одредиште за љубителите на плажите и нуркачите. Туризмот расте и во јужните градови Ал-Кусајр, Сафага и Марса Алам. Покрај бројните хотели и туристички градби во средиштата се наоѓаат во Ал-Бахр ал-Ахмар 2 службени природни резервати треба да се развијат за туризам или. Националниот парк Вади ал-Гамал (Долината на камилите) во Хамата во близина на градот Марса Алам и Националниот парк Гебел Елба во спорниот Халаибски Триаголник северно од градот Халаиб. Покрај силната туристичка индустрија, постои и голема крајбрежна рибарска индустрија. Околината, која се протега над покраината, е богата со минерали, како на пример со фосфати. Регионот Рас Гариб содржи 70% од египетското производство на нафта. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia