Судан
Судан е држава сместена во Североисточна Африка. Главен град е Картум. Се граничи со Египет на север, со Еритреја и Етиопија на исток, со Јужен Судан на југ, со Кенија и Уганда на југоисток, со ДР Конго и Централноафриканската Република на југозапад, со Чад на запад и со Либија на северозапад. На североисток Судан излегува на Црвеното Море. ИсторијаСпоред археолошките ископувања и истражувања, територијата на денешен Судан била населана уште од најрани времиња, пред околу 60.000 години. Културата на тамошните жители својот расцут го достигнала кон 8000 п.н.е. Старите древни жители на Судан живееле во колиби главно создадени од тула или кал. Главно, населението се занимавало со лов и риболов, како и земјоделство и сточарство.[3]. Овие територии биле познати за Стар Египет и честопати тие територијата на Судан ја нарекувале Куш. Во текот на 8 век п.н.е. на чело на Куш застанал монарх којшто го проширил своето влијание кон Египет. Во околу 750 п.н.е. кралот на Куш успеал да ги зазеде териториите на Горен Египет, и со нив владееле околу десетина години. Во текот на 4 век и 5 век, Судан бил заземен од Римското Царство, но во 6 век на овие простори се создале три царства: Нобатија, Алодија и Макурија. Кон 540 година во Нобатија пристигнале мисионери испратени од Византија за да го проповедат и шират христијанството. По ова земјата го прифатила христијанството. Кон 7 век во Африка преку Арапите дошол исламот, кој бил прифатен од голем дел од населението. Кон 16 век скоро целата територија на Судан паднала под контрола на владетелите на Египет, кои биле вазали на Османлиското Царство. Во 19 век се формирала полунезависна држава која за кратко време успеала да стане и целосно независна. Во 1899 година Велика Британија ги победила војските на Судан, создавајќи го Англо-египетскиот Судан. Тој постоел до 1956 година кога била издвојувана независност. Со независност се стекнува на 1 јануари 1956 година. Претходната година избувнува граѓанска војна помеѓу муслиманскиот север и христијанско-анимистичкиот југ. Војната трае до 1972 година, по што следува примирје, кое повторно се претвора во граѓанска војна во 1983 година. Втората граѓанска војна трае до јануари 2005 година, кога двете страни потпишуваат мировен договор. Во февруари 2003 година избувна конфликт со западната покраина Дарфур. Во 2011 година на југот се формира независна држава, Јужен Судан. Потекло на поимотГеографија и климаПолитички системАдминистративна поделбаСтопанствоДемографијаНаселениеСпоред податоци од 2008 година, населението на Судан изнесува 30.894.000 луѓе. Во земјата живеат 597 различни етнички племиња, кои зборуваат на околу 400 различни јазици и дијалекти.[4] Тие се поделени во две поголеми етнички групи: Арапи, главно со муслиманска вера, кои живеат главно на северниот дел од земјата, како и христијани и друѓи, кои пак се населени и главно живеат во јужниот дел на земјата.[5][6] . Како и кај останатите неарапски популации, така и овдем овие арапи потекнуваат од античките Нубијци, кои се тесно поврзани пак со Стар Египет. Со започнувањето на арапската инвазија на овие простори, започнал процесот на арабизација на месните жители. Ова довело до доминација на арапскиот јазик и култура на овие простори, како и до промена на суданскиот идентитет во земјата, особено во северниот дел на земјата.[7] Овој процес дополнително се развил по ширењето на исламот и емиграцијата на арапите од Арапскиот Полуостров кон Северна Африка. ЈазикВкупниот број на јазици кои се користат или се зборуваат во Судан е 142.[8] Од нив, 134 во моментов се зборуваат а 8 јазици се изумрени. Суданскиот арапски е најзборуван јазик во земјата и е доминантен во поголемиот дел од северот. Други јазици се нубијански јазици и Бежа. Службени јазици во земјата се арапскиот и англискиот. РелигијаРелигијата има голема улога во културниот живот на населението на Судан. Најголема верска заедница во земјата е исламот, а освен исламот има верници и од анимистичката и христијанската религија. Околу 70% од населението на земјата се муслимани[9][10]. Од нив, околу 90%, живеат во северниот дел на земјата, сочинувајќи околу 85% од населението. Податоците и процентите за бројот или процентот на христијаните и анимистите се несигурни. Според Дејвид Берет, нивниот број се движи од 5% до 15%[9][11]. Најголемиот дел од нив, како и од верниците на локалните религии, живеат во јужниот дел на земјата. Христијаните во Судан припаѓаат на различни цркви вклучувајќи ја ѝ Римокатоличката, Англиканската, Протестантската. Постојат исто така и заедници на Етиопската православна црква и Еритрејската православна црква, Јеховини сведови итн. КултураМузикаСпортСудан како тема во уметноста и во популарната култураСудан се јавува како тема во делата од областа на уметноста и популарната култура, како:
ПоврзаноНадворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia